Пендаровски – Рикер: Конструктивен политички дијалог за суштински реформски закони

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го прими вршителот на должност помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави за Европа и Евроазија, Филип Т. Рикер.

На средбата беше разговарано за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Северна Македонија и САД, за евро-атлантските перспективи на нашата држава, како и за актуелните случувања во регионот.

Двајцата соговорници констатираа дека стратешките односи меѓу Северна Македонија и САД, кои се засноваат на заедничките вредности за мир, слобода и демократија, ќе продолжат да се прошируваат и продлабочуваат во сите сфери од заемен интерес.

Претседателот Пендаровски изрази уверување дека Северна Македонија е силно посветена на зацврстување на стратешкото партнерство со САД, со цел поттикнување на уште подлабоки врски меѓу двете пријателски земји и нивните граѓани.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за безрезервната поддршка и помош што САД ја даваат на нашата држава од самиот почеток на независноста, особено изразена во остварувањето на нашите евро-атлантски аспирации, наша трајна стратешка определба.

„На тој пат, Северна Македонија ќе продолжи тесно да соработува со САД, како наш долгогодишен сојузник и поддржувач на реформите во областа на одбраната и безбедноста, владеењето на правото и независноста на судството, како и во областа на јавната администрација", порача претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски изрази очекување дека до крајот на годината ќе биде завршено ратификувањето на Протоколот за членство во НАТО во сите земји-членки, меѓу кои и во САД, со што Северна Македонија ќе стане 30-та членка на најуспешната воено-политичка алијанса.

„Нашето зачленување во Алијансата ќе претставува конкретна потврда на заложбите на САД за стабилна, сигурна и економски развиена Северна Македонија и одраз на волјата на мнозинството наши граѓани кои сакаат да ја видат Северна Македонија како членка на евроатлантските институции", рече претседателот Пендаровски.

Претседателот нагласи дека Северна Македонија вложи огромни напори за да ја надмине статус-кво состојбата од минатото, додавајќи дека сега е неопходно сите политички чинители заеднички да работат на европската иднина на државата, преку конструктивен политички дијалогза усвојување на суштинските реформски закони.

Вршителот на должноста помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Т. Рикер му го честиташе стапувањето на функцијата на претседателот Пендаровски, додавајќи дека САД ќе продолжат силно да ги поддржуваат демократските реформи во Северна Македонија, со цел нејзино целосно интегрирање во евро-атлантските организации, се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер