Пендаровски: НАТО е фактор на стабилност и ја засилува внатрешната кохезија

Во Република  Македонија постои фактор плус зошто е добро нашата земја да стане членка на НАТО, а го нема кај сите други нови земји членки. 

Сите етнички заедници го поддржуваат членството во НАТО, а тоа го покажуваат и најновите анкети кои ја мерат поддршката за наше членство, кое е над 70 проценти. Ако ги развиете по етнички заедници, анкетите покажуваат дека огромно мнозинство од сите етнички заедници поддржуваат членство во Алијансата што, преведено, значи дека НАТО е фактор на стабилност и ја засилува внатрешната кохезија.

Ова денеска го истакна претседателот Стево Пендаровски пред студентите на ФОН Универзитетот на дебатата на тема „Безбедна младина, посигурна иднина" во рамките на НАТО-карванот како дел од активностите на проектот Инфоцентар за евроатлантски интеграции.

Претседателот ги потсети студентите на трите мисии на НАТО во нашата земја, односно на собирањето на нелегалното оружје кај нашите граѓани во 2001 година, како и втората и третата кои се надоврзаа на првата за реинтеграцијата на кризните региони. Со тие три мисии во 2001 и 2002 година, рече Пендаровски, НАТО ни помогна да се вратиме во нормала и сите анализи покажуваат дека кандидатскиот статус на ЕУ се должи на тоа што НАТО ни помогна да се рехабилитираме многу брзо, вклучувајќи ги инашите војници кои учествуваа во одредени мисии. Преседателот информираше дека Алијансата ни помага во одржување на безбедноста на земјата со споделувањето на одредени информации.

– Од ланската покана да станеме членка, до сега приливот на информации на дневно ниво од сите 29 сојузници се движи од 800 до 1.200 дневно, тоа се безабедносни информации кои ги имаат членките кои ги споделуваат со нас. Алијансата конкретно ни помагаше, не како организација, туку на билатерлана основа, кога бевме подложени на најфрекфентната политичка пропаганда содржана во т.н. лажни вести кои се обидуваа да ги одвратат нашите луѓе да гласаат на референдумот за да се приклучиме кон Алијансата, односно да го прифатиме Преспанскиот договор. Ако ја немавме таа поддршка многу полошо ќе поминевма во справување со тие лажни вести, бидејќи објективно ние немаме ресурси да се спротиставиме поадекватно, како што тоа го направивме со помошта од неколку битни земји членки на НАТО, рече Пендаровски.

Претседателот посочи и на одредени алтернативи, но нагласи дека тие не се добри за нас. Тој го спомна примерот со Србија која 11 години има декларирано воена неутралност и не бара членство во никакви воени сојузи.

– За држава со нашиот капацитет за таква декларација би требало, освен внатрешното усогласување, да имаме согласност од сите соседи за нашата неутралност и клучните меѓународни фактори да се согласат со тоа. Таква согласност нема, ниту ни било нудено, рече Пендаровски.

Амбасадорката на Велика Британија во нашата земја Рејчел Галовеј на студентите, покрај безбедносните придобивки, им ги посочи и можностите за граѓаните на државата, а посебно за студентите.

– Постојат многу стипендии кои што ги нуди Североатлантската организација. Имаме програма на НАТО за наука за мир и безбедност што нуди финансирање за повеќегодишно истражување и развој на проекти поврзани со безбедноста на стратешките цели на НАТО, истакна Галовеј.

Студентите на ФОН имаа можност со претседателот Пендаровски и амбасадорката Галовеј да дебатираат за придобивките од евроатлантските интеграции и зачленувањето на државата во НАТО, како и да дознаат повеќе за процесот и важноста од евроатлантските интеграции и улогата која Алијансата ја има во одржувањето на мирот и безбедноста на Балканот и пошироко.

(СТАВ) Прашање до сите правници и професори во Македонија и Грција...

Знаете ли што значи правната фраза - ERGA OMNES? Доаѓа од латинскиот израз кој означува - ЗА СИТЕ. Ако договорот од Преспа во чл.1, точка 3 вели дека е ERGA OMNES, однос важи за сите, како тогаш...  

...не важи за сите граѓани во Македонија и во светот ( според правното значење на erga omnes )?

Ако го погледнете договорот од Преспа кој е депониран во Обединетите Нации, ќе видите дека ERGA OMNES-от сепак не е „ERGA OMNES“, односно во чл. 1, точка 3, подточка f вели дека користењето на името Северна Македонија НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО за оние правни и физички кои не се основани со некој државен закон и не добиваат финансиска поддршка од државата за своите активности!

Дали договорот меѓу Грција и Македонија има сериозни правни недоследности, или едноставно кажано е - дефектен?

Ужас во Букурешт: Тинејџери до смрт претепуваат човек (Вознемирувачко видео)

Камера во возило кое вчера се движело низ центарот на Букурешт го снимило моментот кога момче (16) и четири години постар негов другар, со стапови до смрт претепале маж (46).

Сѐ се случило во понеделникот околу 17 часот и 30 минути среде улица, пред многумина минувачи.

На грозоморното убиство му претходела расправија меѓу маж и двајца тинејџери во парк. Според романските медиуми, жртвата дошла во паркот за да ја заштити својата поќерка која наводно била нападната од девојките на осомничените за убиството.

Предупредување: вознемирувачка снимка

Наводно, девојките закажале пресметка во паркот, а секоја од нив повикала некој свој на помош. Убиениот е очув на една од девојките во конфликтот. Кога пристигнал во паркот, започнала вербална расправија со тинејџерите, а потоа тие грабнале стапови и почнале да го тепаат до смрт.

Несреќниот маж успеал да побегне од паркот до улицата, но осомничените го стигнале и продолжиле да го тепаат. Според очевидци, тие го удирале по глава додека не престанал да се движи, а потоа побегнале.

Иако медицинските екипи пристигнале брзо, човекот не можел да се спаси. По два часа полицијата успеала да ги лоцира и уапси осомничените за убиството, а тие на распитот наводно го признале делото и биле приведени.

Шпанија не дозволи брод со 27 тони експлозив за Израел да запре во нивно пристаниште

Шпанија не дозволи брод што носи оружје за Израел да се закотви во југоисточното пристаниште Картагена, изјави министерот за надворешни работи Хозе Мануел Албарес.

Албарес ги потврди извештаите дека бродот Marianne Danica превезувал оружје во Израел и дека побарал дозвола да се закотви во Картагена на 21 мај.

Тој рече дека забраната за шпанските пристаништа е во согласност со политиката на Шпанија да го забрани извозот на оружје во Израел од почетокот на војната во Газа во октомври.

„Одбивме да му дозволиме да се закотви и тоа ќе биде конзистентна политика со секој брод што носи израелско оружје што сака да се закотви во шпанските пристаништа“, рече Албарес.

Бродот превезувал речиси 27 тони експлозивен материјал од Мадрас, Индија, објави Ел Паис. H. Folmer & Co. Компанијата која управува со бродот, не одговорила веднаш на барањето за коментар. Извештаите доаѓаат во време на спор меѓу владејачките социјалисти и нивните тврдолеви партнери околу дозволувањето транзит на бродови со оружје до израелските пристаништа.

притисни ентер