Пендаровски на средба со раководството на Стопанската комора на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе има работна средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, потпретседателите и членовите на Управниот одбор на Комората.

Средбата, како што велат од Комората, е во насока на имплементација на добрата практика за унапредување на јавно-приватниот дијалог помеѓу највисоките носители на власта во државата и приватниот сектор и овозможување заедничка дискусија во однос на можностите за подобрување на состојбите на економски план.

До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата

До четврток ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град, краткотрајно во форма на невреме.

Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, кој ќе достигне и над 60 километри на час.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), в петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на температурата.

Од недела повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и појава на невреме.

Минималната температура ќе се движи од шест до 14, а максималната од 15 до 30 степени.

Ријана повторно во средиштето на модното внимание во Њујорк

Ријана ги навлече погледите на себе во Њујорк, во црвен фустан со висок страничен зарез, само неколку дена по нејзиното неочекувано и „мистериозно“ отсуство од „Мет-галата“ во американската метропола.

Пејачката и модна икона од Барбадос, е видена со партнерот АСАП Роки (A$AP Rocky) и, се чини, намерно се погрижила да биде во средиштето на вниманието облечена во црвена облека. Имено, Ријана се одлучи за црвена маица „Ком де гарсон" (Comme des Garçons), на којашто со бели букви е испишано името на модната куќа. Под маицата, се гледаше нејзиниот црвен фустан со висок зарез, а сѐ тоа комплетирано со црвени проѕирни ракавици, очила и црна „Гучи“-чанта.

Основачката на брендот (Fenty Beauty) ги задржа русокосите прамени што ги покажа претходно овој месец, овојпат носејќи ја косата отпуштена преку рамениците.

Пејачката претходно, според многумина, ги разочара обожавателите со тоа што не се појави на престижниот моден настан „Мет-гала“ којшто се одржа минатата недела.

Според неколку американски медиуми, таа го пропуштила настанот поради проблеми со здравјето.

Ријана и Роки го минаа Денот на мајката заедно со нивните две деца - двегодишниот РЗА и Рајот, кој се роди лани.

Вархеји по средбата со Вучевиќ: Денешните клучни одлуки ќе ги обликуваат наредните пет години

Комесарот за соседска политика и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, во Белград, по средбата со српскиот премиер Милош Вучевиќ, најави дека денешните клучни одлуки „ќе ги обликуваат следните пет години“.

Вархеји, кој вчера се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ, на социјалната мрежа Икс напиша дека денеска се сретнал со Вучевиќ и членови на неговиот кабинет

„Ова е критична година. Следните пет години ќе бидат обликувани од денешните клучни одлуки. Нема време за губење“, напиша Вархеји.

Тој додаде дека детално разговарал за отворените прашања од реформската агенда во Владата на Србија, кои треба да бидат финализирани во наредните денови.

притисни ентер