Пендаровски на средба со претставници на здружени граѓански организации и иницијативи

Претседателот Стево Пендаровски, денеска прими претставници на здружени граѓански организации и инцијативи, потписници на отвореното писмо упатено до Претседателот на 30.10. 2019 година, поврзано со заштитата на  животната средина.

На средбата, на која присуствуваше и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, беа разменети мислења за предлозите и иницијативите во отвореното писмо упатено до претседателот Пендаровски за надминување на загадувањето од запалени депонии, пожари и оган на отворено.

Претседателот Пендаровски пред претставниците на граѓанските организации и иницијативи посочи на потребата од меѓусебна координација и целосна вклученост на сите надлежни органи. Исто така Претседателот изрази подготвеност да ги поддржи сите граѓански иницијативи што се во функција на надминување на овој проблем и да помогне во нивната комуникација со надлежните институции.

Во таа насока, би сакале да ја информираме јавноста дека претседателот Пендаровски ги најавува следните иницијативи:

- Заштитата на животната средина за првпат ќе биде ставена како точка на дневен ред на идната седница на Советот за безбедност којашто ќе се одржи кон средината на декември 2019 година и на која ќе бидат поканети претставници на граѓанските организации;

-Претседателот Пендаровски ја враќа Стратегијата за одбрана во постапка како стратешки документ, со цел во истата да бидат вклучени точки и мерки за еколошка безбедност;

Ќе ја застапува идејата за зголемување на државниот буџет за заштита на животната средина со цел да се приближи кон просекот на земјите-членки на ЕУ;

- Ќе даде поддршка за создавање на национален фонд за заштита на животната средина;

- Во рамки на процесот на образовните реформи да се вметне задолжителен број на часови со цел едукација, за учениците во основните и средните училишта да добијат образование за заштита на животната средина.

Истовремено, Кабинетот на претседателот, на барање на граѓанските организации во комуникација со Министерството за животна средина и просторно планирање доби информација дека А-интегрираната дозвола за РЕК Битола ќе биде издадена во текот на декември 2019 година.

Исто така, Претседателот ја поздравува иницијативата на Министерството за животна средина за донесување на нов закон за управување со отпад.

Во однос на барањето за ангажман на Армијата во справувањето со аерозагадувањето преку нивно вклучување во патроли и ноќни дежурства, Претседателот истакна дека внатрешниот ред во државата е надлежност на полицијата. Армијата, нагласи претседателот Пендаровски на средбата, веќе придонесува за заштита и за унапредување на животната средина преку низа активности, како што се засадување нови садници на опожарените места, расчистување на опожарените места, пошумување, расчистување на отпад од речни корита, селекција на отпад, активна обука и едукација на персоналот за грижа за животната средина.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер