Пендаровски го предлага Александар Спасов за член на Националниот совет за евроинтеграции

Како што наведуваат во соопштението, Кабинетот на претседателот на Македонија бара разрешување на проф. д-р Иванка Додовска, која беше претставник во Националниот совет за евроинтеграции на претходниот Кабинет.

Кабинетот на Претседателот на Македонија, денеска упати известување до претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Македонија, Илија Димовски дека доцент д-р Александар Спасов, од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" е предложен како претставник на Кабинетот на Претседателот на Македонија за член во Националниот совет за евроинтеграции.

Како што наведуваат во соопштението, Кабинетот на претседателот на Македонија бара разрешување на проф. д-р Иванка Додовска, која беше претставник во Националниот совет за евроинтеграции на претходниот Кабинет.

Максимално вклучување на домашните компании во изградбата на коридорите 8 и 10д

Максимално вклучување на домашните компании во изградбата на коридорите 8 и 10д, договориле Азески и раководството на „Бехтел и Енка“.

Стопанската комора на Македонија стои на располагање во изнаоѓање, односно вмрежување на локалните домашни компании кои треба максимално да бидат вклучени при реализација на активностите во сите фази на проектот за коридорите 8 и 10д, било договорено на вчерашниот состанок на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и неговите соработници со раководството на компанијата „Бехтел и Енка“.

Двете страни, како што соопшти Стопанската комора на Македонија, се договориле и понатаму да ги продолжат контактите со засилено темпо со што би се олеснила реализацијата на овој проект.

На состанокот, Азески и раководството на „Бехтел и Енка“ разговарале за динамиката за остварување на планираните активности. Притоа од страна на Азески било потенцирано дека за нас е многу значајно да завршат на време сите планирани активности бидејќи реализацијата на овој круцијален и најголем инфраструктурен проект е значаен не само за нашата држава туку и за целиот регион па и пошироко.

Од страна на раководството на „Бехтел и Енка“, како што е наведено во соопштението, било подвлечено дека тие во моментот интензивно работат на сите подготвителни работи и теренски истражувања кои се важни за реализација на активностите и дека се во постојана соработка и координација со домашните надлежни институции во врска со тие активности.

Раководството на „Бехтел и Енка“ побарало поддршка од Стопанската комора на Македонија во насока на обезбедување на работна сила која за целиот планиран период додека ќе трае реализација на проектот треба да достигне бројка од 4 000 работници (квалификуван кадар-инженери и сл. како и неквалификуван кадар-општи работници).

-Стопанската комора на Македонија ќе поддржи секакво решение што ќе значи побрза и поквалитетна активност при реализација на овој проект (Коридорите 8 и 10д) со оглед на фактот дека сметаме дека ова е најзначаен инфраструктурен проект во наредните 10 години, се посочува во соопштението.

Договорот со „Бехтел и Енка“ беше потпишан во март минатата година и со него е предвидена изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа - Струга-Ќафасан на Коридор 8 и Прилеп-Битола на Коридор 10 Д.

„Бехтел-Енка" во регионот има реализирано проекти за изградба на автопатишта во Албанија, Косово, Србија, Хрватска, Турција и Романија. Заедно, „Бехтел-Енка" имаат изградено повеќе од 28.000 километри автопати и патишта, 100 тунели и 26 големи мостови.

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја откажува очекуваната посета на Мадрид в петок, објавија шпанските медиуми, а информацијата е потврдена и од шпанската кралска палата.

Палатата денеска ја ажурираше кралската агенда, отстранувајќи ја средбата в петок меѓу шпанскиот крал Фелипе Шести и Зеленски.

Шпанскиот печат објави дека украинскиот лидер ја донел одлуката откако Русија започна нова офанзива во североисточна Украина.

Украинската армија се повлекува од некои области на северниот фронт, во областа Харков

Украинската армија објави дека мора да се повлече од одредени области на северниот фронт, во областа Харков, каде Русија на 10 мај започна нова офанзива.

Во соопштението на украинскиот Генералштаб објавено синоќа, се наведува дека армијата ги променила позициите во областите кај Лукјанц и Вовчанск.

„Како одговор на непријателскиот оган и пешадискиот напад, нашите единици се префрлија на поповолни позиции со цел да ги спасат животите на нашите војници и да избегнат жртви“, соопшти Генералштабот на социјалните мрежи.

притисни ентер