Пендаровски: Банките и приватните стопански субјекти треба да имаат свои редарски служби

Пендаровски истакна дека недозволено е да се држи редарска служба пред банки од страна на полицајци или војници.

Претседателот Стево Пендаровски на денешната прес-конференција наведе дека во рамки на Централниот кризен штаб се размислува сите банки и сите приватни стопански субјекти да бидат задолжени од своите вработени да ја организираат редарската служба, нагласувајќи дека е недозволиво таа работа да ја извршуваат Армијата и полицијата.

На прашањето, дали како врховен командат ќе ја повлечете Армијата од Прилеп затоа што има многу реакции дека е понижувачки Армијата да се користи за ставање ред пред банките, а истовремено ни се случуваат инциденти како тој во Синѓелиќ и таму ракцијата е блага, Пендаровски истакна дека недозволено е да се држи редарска служба пред банки од страна на полицајци или војници затоа што банките треба да имаат генерално, а и во во оваа ситуација посебно, своја редарска служба, на која можат да и припомогнат припадниците на МВР или на Армијата, но не обратно.

– Во Прилеп има една нејаснотија која за жал не ја појаснивме навреме. Во Прилеп, Армијата не беше сама во грижата за утврдување на јавниот ред и мир, беше во поддршка на едниниците на Министерството за внатрешни работи. Инаку, постои размислување во рамки на Централниот кризен штаб и мислам дека или денеска или утре најдоцна ќе биде донесена и таа одлука, сите банки и сите приватни стопански субјекти да бидат задолжени од своите вработени да ја организираат таа редарска служба, дури потоа припадниците на МВР да бидат, за евантуално држење на тој поширок простор во тие инстиуции или простори, и зад МВР да бидат припадниците на Армијата, објасни претседателот

Баерн Минхен подготвува огромна сума за Френки де Јонг

 Раководството на Баерн Минхен ќе се обиде да го привлече играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пренесе „Скај“.

Шефовите на баварците за него подготвиле 75 милиони евра.

Минатото лето Барселона сакаше да го продаде Френки Де Јонг поради финансиски проблеми, но играчот од средниот ред сепак остана во тимот.

Се наведува дека раководството на тимот од Минхен веќе стапил во контакт со претставниците на Де Јонг за да ги дознаат условите на самиот играч.

Барселона би била подготвена да го продаде холандскиот репрезентативец во договор со слични финансиски параметри.

За Барселона најголем проблем е високата плата и поради финансиски проблеми на лето ќе мора повторно да продава играчи.

Светска програма за храна на ОН-Луѓето во Газа се соочени со „целосно гладување“

Светска програма за храна на ОН: Луѓето во северниот дел на Појасот Газа се соочени со „целосно гладување“.

Шефицата на Светската програма за храна на Обединетите нации (ОН), Синди Мекејн, предупреди дека луѓето во северниот дел на Појасот Газа сега се соочени со „целосно гладување“.

Таа за ТВ мрежата NBC изјави дека е тешко за гледање и дека катастрофалната ситуација се шири кон југ.

„Има гладување, целосно гладување на север и се шири кон југ. Тоа е ужас“, изјавила Синди Мекејн, пренесува Си-Ен-Ен.

Таа додаде дека нејзината организација бара прекин на огнот и непречен пристап до Газа со цел да испорача хуманитарна помош.

Папата им го честиташе Велигден на православните христијани

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска им го честиташе Велигден на православните христијани и верниците од источните цркви кои го слават според јулијанскиот календар, пренесе Ватикан њуз.

- Со најтопли чувства упатувам честитки до браќата и сестрите од православните цркви и некои источни цркви кои денеска го слават Светиот Велигден според јулијанскиот календар. Нека воскреснатиот Господ ги исполни сите заедници со радост и мир и да ги утеши оние кои поминуваат низ искушенија, рече папата на крајот од традиционалната неделна миса на плоштадот Свети Петар во Ватикан.

Во својата проповед пред неделната молитва, папата повторно повика на молитви за жртвите од поплавите во Бразил, како и за мир во Украина, Израел и на палестинските територии.

притисни ентер