Пендаровски: Ако згрешиме на 8ми, следува режим број 2

Ако сега, на осми мај ја згрешиме работата во изборот, понатаму ќе направат режим број два и нема да имаме слобода на избор, години и години нанапред, порача вечерва во Куманово кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

Во одговор на прашање на граѓанин, Пендаровски истакна за тоа како ВМРО-ДПМНЕ организираше избори потсетувајќи на изборите од 2008 година кога таа партија убедливо победи, а правеше листи со имиња и презимиња на тогашните носители од опозиција.

„Во десетте години на Груевски ние немавме слободни избори, а народот не беше слободен да ја искаже својата волја. Од 1990 година сите избори кои ги организирала СДСМ како власт, биле фер и слободни, немало фалсификат, со нив, со ВМРО-ДПМНЕ тоа скоро секогаш е правило, освен со еден исклучок, како изборите 2002 година. Тоа се политички измамници, особено кога ќе им дојде крајот на мандатот, а уште немаат докрадено од народот“ порача Пендаровски, соопштуваат од неговиот тим.

Фото: Бела Хадид се врати во Кан во проѕирен фустан

Мегапопуларната манекенка Бела Хадид се врати на Канскиот филмски фестивал за да го „сервира“ еден од најжешките изгледи досега!!

Една од најубавите жени на светот, манекенката Бела Хадид прошета на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал во фустан кој повеќе открива отколку што покрива, посебно кај градите.

Сите погледи беа вперени во нејзиниот фустан Сен Лоран во боја на кожа, кој беше проѕирен и овој пат, многумина се согласуваат, покажа повеќе од потребното доколку сака да ја задржи титулата на жена која негува добар стил.

Кафеавиот фустан имаше длабоко деколте напред, додека задниот дел откриваше целосно гол грб. Некои потсети на проѕирната завеса од тул што и беше обвиткана околу телото.

Во април зголемени вкупните кредити и депозити

Вкупните кредити во април бележат раст од 6,8 проценти на годишно ниво, а вкупните депозити за 9,3 проценти.

Зголемувањето и кај кредитите и кај депозитите се должи на зголеменото кредитирање и кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор, но поизразен е кај домаќинствата.

Според податоците на Народната банка, на месечно ниво вкупните кредити бележат зголемување од 1,2 проценти што се должи на повисоките кредити во двата сектора, но со поголем придонес на корпоративниот сектор, а раст има и кај депозитите од 1,3 проценти којшто се должи на зголемените депотизи кај домаќинствата.

Галант: Повикот на обвинителот на МКС е срамен обид да се негира правото на Израел

Повикот на обвинителот на МКС е срамен обид да се негира правото на Израел на самоодбрана.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска изјави дека повикот на главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд да се издаде налог за апсење по него и премиерот Бенјамин Нетанјаху е „срамен“ обид да се ускрати правото на Израел на самоодбрана.

- Обидот на обвинителот Карим Кан да го ускрати правото на државата Израел да се брани и да ги ослободи киднапираните мора целосно да се отфрли, напиша Галант на X.

Тој додаде дека обидот на обвинителот на МКС нема да успее и оти неговата „паралела меѓу терористичката организација Хамас и државата Израел е срамна и одвратна“.

Галант истакна дека „израелската армија води војна во согласност со меѓународното право“ и дека се бори против „непријателот кој изврши злосторства врз жени, деца и мажи на Израел, чии луѓе сега ги користи како жив штит“.

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан вчера изјави дека поднел барање за налози за апсење поради воени злосторства на највисоките лидери на Израел и Хамас поради нивниот конфликт.

Кан во изјавата соопшти дека бара потерници против израелските лидери Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант за злосторства, вклучувајќи „намерно убиство“, „истребување и/или убиство“ и „изгладнување“.

притисни ентер