Пејачка пред неколку недели посвои дете, а сега дозна дека е бремена: Шокирана сум (ВИДЕО)

Британската пејачка Џош Стоун пред неколку недели го посвои синот Бер, а потоа неодамна дозна дека е бремена.

Таа ги изненади своите фанови со веста, а и самата остана шокирана кога дознала дека ќе има уште едно дете. Таа и нејзиниот сопруг Коди Далуз имаат уште две деца, Вајолет и Шеклтон.

Џош ја сподели радосната вест на Инстаграм, откако неодамна изјави дека сака да има седум деца.

Пејачката сподели видео направено од неколку фотографии на кое покажа колку била шокирана кога дознала дека е бремена.

- Искрено, потценување е да се каже дека сум во шок. Ништо и никој сега не може да ни ја одземе радоста. Ние сме толку воодушевени! Можеби турнејата 'Less is more' треба да ја наречеме турнеја за трудници - напиша таа со видеото.

Претходно овој месец, Џош и нејзиниот сопруг открија дека посвоиле син, а потоа споделија видео од моментот кога Виолет и Шеклтон го запознале нивниот брат на Денот на благодарноста.

- Среќен понеделник, мамо. Ова ни се случи минатиот понеделник. Не можеме баш да веруваме. Многу сме заљубени во овој малечок – напишала тогаш. Во истиот пост таа зборуваше и за тоа како и нејзиниот сопруг бил посвоен бидејќи неговата биолошка мајка му направила план за посвојување и дека истото го направила и биолошката мајка на Бер.

- Искрено, биолошките мајки не ја добиваат благодарноста што ја заслужуваат. Тоа е најнесебичната љубов што постои. Навистина. Многу сме среќни што сме дел од овој прекрасен циклус. Ве молиме споделете ги вашите приказни за посвојување во коментари доколку имате такви. И ве молам, добредојде на нашето прекрасно момче во овој прекрасен свет – рече таа.

Инаку, Џош и Коди се сретнале на аеродромот во Бејзе во 2020 година, кога таа се враќала од настап на Антарктикот. Тие се венчале минатата година, а истата година почнале и со процесот на посвојување.

Уапсени се четири фудбалерки, вмешани во расистички напад (ВИДЕО)

Голем скандал се случил пред неколку дена на егзибицискиот турнир во Бразил, кога судијата беше принуден да го прекине натпреварот меѓу фудбалерите на Ривер Плата и Греми, бидејќи аргентинскиот тим немаше доволно играчи на теренот.

Судијата покажа дури шест црвени картони, а бидејќи не можело да се игра според правилата со петмина фудбалери на теренот, натпреварот бил прекинат. Причината е расистички скандал насочен кон момче кое собирало топки, а сега се појавија информации дека бил насочен и кон противничките фудбалерки.

Поради ова, Одделот за безбедност на Сао Паоло уапси дури четири членки на Ривера, Кандела Дијаз, Камила Дуарте, Хуана Кангаро и Милагросо Дијаз поради расистички гестови.

Да потсетиме, на видеото кое се прошири на социјалните мрежи се гледа како Кандела имитира мајмун и покажува кон момчето, кое собира топки.

На следното видео се гледа како играчките на Ривер му се спротивставиле на младиот човек и го нападнале, по што следела бркотница низ теренот.

- Додека го бранеа собирачот на топки, жртви станаа и фудбалерките на Греми, им беа упатени низа расистички навреди и навредливи гестови - се наведува во соопштението на Греми.

Се огласи и Ривер и поведе дисциплинска постапка, осудувајќи го однесувањето на своите членови.

Советот на Град Скопје го усвои буџетот за 2025, тежи 140 милиони евра

Со 28 гласови „за“ и двајца против, Советот на Град Скопје по неколку часовна расправа, попладнево го изгласа буџетот за 2025 година..

Буџет изнесува 140 милиони евра, што е рекордна сума досега.. Беа поднесени 42 амандмани од повеќе политички партии, а по координацијата на советничките групи со претседателот на Советот, Трајко Славевски и градоначалничката Данела Арсовска дел од амандманите беа самостојно повлечени од предлагачите, а дел одбиени поради технички неправилности..

На дневниот ред за денешната седница на Советот има околу 40 точки, вклучително и зголемување на цената по изминат километар на приватните превозници..

Намерно запалени елки на плоштади во Сирија предизвикаа протести: Права за христијаните (ВИДЕО)

Стотици луѓе протестираа во христијанските области во сирискиот главен град Дамаск, откако се појавија снимки на кои се гледаат борци со качулки како палат новогодишни елки во други делови на земјата.

„Ги бараме правата на христијаните“, извикуваа демонстрантите додека маршираа низ градот на Бадник, пренесува Sky news.

Соборувањето на Башар ал Асад од страна на бунтовниците предводени од Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) - група некогаш поврзана со Ал Каеда - предизвика загриженост за верските малцинства во Сирија, но лидерот на групата инсистираше на тоа дека ќе се почитуваат сите вери.

Протестите избија откако видеото на кое се гледа како борци палат елка во градот Сукејлабија, во близина на градот Хама, со мнозинство христијани, стана вирална на социјалните мрежи.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека лицата се странци од исламистичката група Ансар ал-Тавхид. Демонстрантот, кој го кажал своето име како Џорџ, рече дека протестира против „неправдата врз христијаните“.

„Ако не ни се дозволи да ја живееме нашата христијанска вера во нашата земја, како порано, тогаш веќе не припаѓаме овде“, рече тој.

Според жителите на Хама, елката ја запалиле маскирани напаѓачи кои попат ги спречувале жителите да се приближат вперувајќи им пиштол во лицата.

притисни ентер