Педофилска банда од Британија си делела девојче како да е парче месо

Девојче било „делено како парче месо“, продавајќи го за секс на мажи, можеше да се слушне на судењето на педофилската банда од англискиот град Телфорд, во областа Шопшир.

Петмина мажи со пакистанско потекло се на судење за постојано силување девојче кое своевремено имало само 12 години и ја продавале на други мажи кои исто така ја силувале.

Жртвата сведочеше со заштитена изјава, која се емитувала на суд, дека „не може да изброи“ колку пати сторителите ја силувале во двете години на „пеколот“, колку траела нејзината агонија.

„Мохамед Али Султан, Амад Хусеин, Шафик Јунас, Назам Ахтар и Мохамед Ризван негираат дека сториле нешто незаконско“, пренесува Би-Би-Си.

Меѓутоа, обвинителите во судот во Бирмингем тврдат дека обвинетите, меѓу другото,го силувале девојчето на валкан душек над киоск за брза храна „Совршена пица“ , а ја принудиле да има секс и во дворот на црквата.

Жртвата раскажа дека испорачувачот Танвер Ахмед, а подоцна и Мохамед Али Султан ја земале „секој ден после училиште“ и „ја делеле“ со други „азиски мажи“.

Таа додаде дека „ниту еден наставник“ во нејзиното училиште не интервенирал, иако се ширеле гласини низ целото училиште за тоа што се случува.

„Бев премногу исплашена за да одам некаде и да побарам помош“, призна неименуваната жртва.

Во една прилика, еден од петмината обвинети уринирал врз неа, рече таа.

Девојчето раскажало и дека размислувала за самоубиство.

Таа раскажа како Ахмед се дружел со неа , за потоа да ја наведе на пријателсто пред да ја силува, а потоа продолжил да ја принудува да има секс со други мажи. Тој, меѓутоа, не е меѓу обвинетите, бидејќи во меѓувреме бил депортиран во Пакистан за „неповрзани злосторства“.

Сепак, Ахмед е клучна фигура во оваа педофилска банда. Жртвата, исто така, сведочеше дека видела дека непознати постари мажи му даваат пари на Ахмед, откако ја силувале горе над киоскот за брза храна, изјави обвинителот Мишел Хели.

Кога жртвата се обидела да одбие принуден секс, Султан ја тепал и ќе и се заканил со семејството, велејќи и, меѓу другото, дека „ќе ја запали нивната куќа до темел“.

Султан (33) веќе е осуден за „слични дела против млади девојчиња“, соопшти судот.

Барометар на корупција на Транспаренси Интернешнл-Македонија - „Бистро-Матно“

Според  барометарот на Транспаренси Интернешнл-Македонија, стои во соопштението, како „матни“ настани се наведени забечешките од извештајот на Стејт Департментот за сериозна владина корупција и политички унапредувања во судството и об

Барометарот на корупција на Транспаренси Интернешнл-Македонија за април по нивното следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, наречена „Бистро-Матно“, во „бистрите“ настани ги посочува уапсените 17 припадници на затворската полиција поради поврзаност со бегство на затвореник и МВР ќе поднесе две кривични пријави поврзани со изборите.

Според барометарот на Транспаренси Интернешнл-Македонија, стои во соопштението, како „матни“ настани се наведени забечешките од извештајот на Стејт Департментот за сериозна владина корупција и политички унапредувања во судството и обвинителството, како и оценката од Фридом Хаус за назадување во владеењето на правото и борбата против корупцијата во Македонија. Посочни се и случаите на Управниот суд и Академијата за судии и јавни обвинители, жалбите од граѓаните кај Омбудсманот за долги предистражни постапки на ОЈО Скопје со што застаруваат кривичните дела и Управниот суд кој поништи над 3.000 решенија за унапредување и вработување во Министерството за финансии и јавниот сектор.

Нов инцидент меѓу Кина и Филипините во Јужното Кинеско Море

Филипините денеска ја обвинија кинеската крајбрежна стража за употреба на водени топови против два филипински брода и блокирање на пристап до спорниот гребен во Јужното Кинеско Море, а Пекинг потврди дека „одбил“ чамци од островот.

- Кинеската крајбрежна стража повторно постави пловечка бариера од 380 метри, со што го ограничи пристапот до областа на гребенот Скарборо, се вели во соопштението на филипинската крајбрежна стража.

Кина постави слична пловечка бариера на таа локација во септември 2023 година, која беше демонтирана неколку дена подоцна од страна на филипинската крајбрежна стража.

- На 30 април кинеската крајбрежна стража, во согласност со законот, одби филипински бродови кои влегоа во водите кај островот Хуангјан, се вели во соопштението на кинеските власти.

Гребенот Скарборо се наоѓа на 240 километри западно од главниот филипински остров Лузон и речиси 900 километри од кинескиот остров Хаинан, јужно од брегот на Кина, која полага право на речиси целото Јужно Кинеско Море.

Украина: Околу 30 мажи загинаа од почетокот на војната во обид да ја напуштат земјата

Портпаролот на украинската гранична служба Андриј Демченко изјави дека околу 30 мажи од Украина загинале од почетокот на војната со Русија во февруари 2022 година, обидувајќи се илегално да ја преминат границата и да избегнат учество во војната.

„Некои ги загубија животите додека се обидуваа да преминат планински реки или стрмни планини. Вкупно, од почетокот на инвазијата, околу 30 луѓе загинаа обидувајќи се илегално да ја преминат границата“, изјави Демченко.

Тој наведе дека од почетокот на војната досега биле откриени околу 450 криминални групи кои се обидувале да прошверцуваат луѓе преку граница и дека такви обиди се случуваат секој ден.

притисни ентер