ПАСТРМКА ВО ЗЕМЈЕНА ТАВА

Рецепт на  БЛЕРТОН БИБА

Потребни состојки: 1 пастрмка, 1 главица кромид, 1 компир, 50 гр. тиквичка, 50 гр. модар патлиџан, 2 моркова, 1 пиперка, 4 шери доматчиња, 4 чешни лук, 5 маслинки, 150 мл. минерална вода, малку маслиново масло, малку бело вино, неколку ловорови листа, медитеранска мешавина, сол и црн бибер по вкус.

Постапка:

На дното на земјената тава се става хартија за печење.

Компирот се сечка на помали коцки и се става во тавата.

Кромидот се сечка на поголеми парчиња и се става во тавата

Тиквичката и модриот патлиџан се сечкаат на коцки и се ставаат во тавата.

Морковот и пиперката се сечкаат на поголеми парчиња и се ставаат во тавата.

Шери доматчињата, лукчињата и маслинките се ставаат цели во земјената тава.

Одозгора се ставаат неколку ловорови листа и се зачинува со сол, црн бибер и медитеранска мешавина од: босилок, рузмарин и мајчина душичка.

Состојките се полеваат со: малку маслиново масло, малку бело вино и 150 мл. минерална вода.

Пастрмката се сече на 4 дела и се става во тавата.

Се зачинува со сол и црн бибер и се полева со маслиново масло.

Тавата се покрива со капак и се пече во загреана рерна на 220 степени околу 45 минути.

Видео: Бред Пит падна на снимање

Познатиот актер на Холивуд, Бред Пит престојува во Лас Вегас, каде што снима филм за Формула 1, а во оваа продукција ја толкува една од главните улоги, Сони Хејс.

На социјалните мрежи се појавија снимки од снимањето.

Пит со помош на двојник ја снимил сцената во која нивниот лик (Сони Хејс) удира во болидот „APX GP“, по што излегува од возилото и паѓа во несвест.

Луѓето ги споделуваат овие сцени, шокирани од она што го гледаат.

Како што пишуваат светските медиуми, филмот на Џозеф Косински за возачите на Формула 1 треба да пристигне во кината следното лето, со маестрална актерска екипа предводена од Бред Пит.

Филмот се снима веќе неколку години, а на целата екипа му помага организациониот тим на Формула 1, сите возачи и љубители на овој спорт.

Извор: Аваз

Џенерал Моторс влегува со свој тим во Формула 1

Формула 1 и Џенерал Моторс (ЏМ) постигнаа денеска начелен договор за влез на ЏМ/Кадилак како 11. тим во светскиот шампионат во Формула 1 од 2026 година.

„Посветеноста на Џенерал Моторс и Кадилак на овој проект е важна и позитивна демонстрација на еволуцијата на нашиот спорт. Сигурни сме во целосната соработка и поддршка од сите вклучени страни“, изјави претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали.

Од своја страна, првиот човек на ЏМ, Марк Ројс, рече дека влезот во Формула 1 е чест за Џенерал Моторс.

„Како врв на мотоспортот, Формула 1 бара иновации и извонредност што ги поместува границите. Чест е за Џенерал Моторс и Кадилак да се приклучат на врвната светска тркачка серија, а ние сме посветени да се натпреваруваме со голема страст“, рече Ројс.

Тимот треба да го носи името Кадилак Ф1 и ќе користи мотори на Ферари во првите две години додека GM не добие мотор на Кадилак конструиран за натпреварување, почнувајќи од сезоната 2028 година./МИА

Медиуми: Договорот за прекин на огнот во Либан не предвидува зона на раздвојување

Израелскиот ТВ Канал 12 вечерва ги објави клучните елементи од предложениот договор за прекин на огнот меѓу Израел и либански Хезболах со посредство на САД за запирање на израелската војна во Либан.

Како што е наведено, остануваат да се финализираат само мали детали.

Договорот предвидува меѓусебен прекин на огнот и израелската армија да остане во Либан до 60 дена, а да замине кога ќе биде распоредена либанската армија.

Нема да има зона на раздвојување во јужен Либан и раселените жители од тој дел од земјата ќе можат да се вратат.

Владата во Либан ќе ги провери сите набавки и производство на оружје во нејзината земја, а САД ќе предводат меѓународно тело кое ќе го надгледува спроведувањето на договорот.

Во посебен документ, САД јасно ќе соопштат дека Израел има право да дејствува секогаш кога ќе види непосредна закана од Либан.

Канал 12 објави дека имало речиси едногласна поддршка за договорот од политичари и воени претставници синоќа на безбедносните консултации со кои претседаваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

На состанокот, Нетанјаху, наводно, рекол дека договорот ќе го остави Хамас изолиран и ќе ги зголеми шансите за постигнување договор за ослободување на заложниците кои се уште се во Појасот Газа. /МИА

притисни ентер