Потребни состојки: 500 гр. мелено месо, 500 гр.макарони, 3 јајца,100 гр. фета сирење, малку магдонос, малку маслиново масло, 2 главици кромид, 200 мл. томато сос, 1 лажица шеќер, 2 ловорови листа, малку мајчина душичка, 2 коцки говедска супа, 100 мл. црвено вино, 100 гр. путер, 100 гр. брашно, 250 мл. млеко, 100 гр.пармезан, сол и бибер по вкус.
Постапка:
Макароните се варат во вода со малку сол и малку масло, а потоа се цедат.
Во тава со загреано маслиново масло се пропржува сечканиот кромид и се додава една лажица шеќер.
Се додаваат 2 лажици томато сос и се продолжува со пржењето.
Се зачинува со мајчина душичка и се додава меленото месо.
Сите состојки се пропржуваат неколку минути и се додава црвено вино и томато сос.
Потоа се додаваат 2 коцки говедска супа и 2 ловорови листа.
Сите состојки се пропржуваат околу 5 минути.
За тоа време се подготвува бешамел сосот.
Во тава со малку загреано маслиново масло се става путерот да се стопи.
Потоа се додава брашното и се продолжува со мешањето.
Постепено се додава млекото и се продолжува со мешањето.
Се зачинува со сол и бибер по вкус и се додава 100 гр. рендан пармезан и една жолчка.
Од тавата со меленото месо се вадат ловоровите листови и се додава една црпалка од бешамел сосот.
Во стаклен сад се ставаат сварените макарони и врз нив се кршат две јајца и се додава фета сирењето и малку магдонос.
Сите состојки треба добро да се измешаат.
Ододзгора се става меленото месо и се распределува по целата површина.
Одозгора се става бешамел сос и се посипува со рендан пармезан.
Се пече во загреана рерна околу половина час.