Пасошката криза во земјава се уште без решение

Пасошката криза во земјава се уште е без решение на повидок, наместо тоа поранешниот и сегашниот министер за внатрешни работи упатија меѓусебни обвинувања за недостатокот на обрасци.

Поранешниот и актуелниот министер за внатрешни работи си ја префрлаат вината еден на друг за тоа кој е виновен за пасошката криза. Оливер Спасовски нема конкретен одговор зошто додека тој беше прв човек на МВР не се испорачани доволно пасоши за потребите на граѓаните. Според него, кој ќе понесе одговорнст, како да се реши проблемот и дали Владата ќе помогне за надминување на кризата, одговори вели не треба да се бараат од него, туку од сегашниот министер Наќе Чулев.

,,Навистина се прашувам зошто не може да се даде одговор на сите овие прашања. Мислам дека подоброто менаџирање, повеќе бавење со суштински работи, немаше да доведе до една ваква криза. За функционирање внатре во министерството е надлежен министерот и има механизми да се утврди кој е одговорен ако има одговорност. Сум имал и јас такви ситуација неколку пати во целиот тој период, но, немаше проблем во однос на пасошите или другите лични документи.

Последната нарачка за околу 80.000 обрасци за документи од германската фирма Веридос пристигнала во ноември минатата година, а следната пратка со 100 илјади обрасци ќе пристигне за еден месец..

Актулениот министер Чулев и денеска тврдеше дека тој немал време да нарача обрасци и да се избегне кризата.. Тој останува на ставот дека сосотојбната е наследена и го обвинува Сапасовски за нестручно работење и лоши проценки за набавките на долгорочен план.

,,Направени се лоши анализи и лоши проценки, затоа нема пасоши. Во октомври има 81 илјади, од тие анализи што ги правеле за Оливер Спасовски. Тој не знам како не ги видел, не ги прочитал. Во декември има 87 илјади, што е невозможно. Не може да порасне од октомври до декември. На 7 јануари ми доставуваат информација дека има само 22 илјади пасоши и нема воопшто лични карти и возачки дозволи. Јас сум министер само еден месец и сите овие работи ги наследив како резултат на несовесно, нестручно и непланско работење на Оливер Спасовски.

Засега во МВР има залиха од помалку од 4000 обрасци, а приоритет за издавање ќе имаат оние кои треба да патуваат поради здравствени потреби. За тоа кој ќе добие пасош - ќе одлучува комисија од министерството.

За трајно решение на проблемот, Чулев предлага да се распише меѓународен тендер за повеќегодишен договор за изработка на документите, а во меѓувреме како привремено решение Владата да испрати дипломатски ноти до сите држави за продолжување на важноста на пасошите на кои им истекува рокот.

Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

Чудна банда кинески фалсификатори е фатена во Шпанија, која правела лажни монети од две евра.

Ова е чудна идеја на фалсификаторите бидејќи во Европската Унија најчесто се фалсификуваат банкноти од 50 и 20 евра, што е и логично - тие се најобични банкноти, и има многу мали шанси некој да ги земе под микроскоп. од банкноти од 100 или 200 евра, пренесува Дојче веле.

Со помош на Европол, шпанската полиција во Толедо разби синџир фалсификатори на пари кои фалсификувале половина милион „висококвалитетни“монети од две евра.

Полициската акција е опишана како „најважната“ против фалсификувањето на пари во Европа во последните 10 години.

Уапсени се 10 кинески државјани, а шпанската полиција соопшти дека ги бркала шест години. Се вели дека монетите се исклучително тешки за следење.

Монетите немаат холограми и безбедносни печати како хартиените пари. Но, повторно имаат доволно карактеристики што тешко се копираат.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, утре Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Утре во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

притисни ентер