Партијата на Вучиќ убедливо победи на парламентарните избори, опозицијата најавува протести

Коалицијата предводена од српскиот претседател Александар Вучиќ и Српската напредна партија извојуваа убедлива победа на парламентарните, белградски и покраински избори, освојувајќи речиси 47% од вкупниот број на гласови.

Коалицијата предводена од српскиот претседател Александар Вучиќ и Српската напредна партија извојуваа убедлива победа на парламентарните, белградски и покраински избори, освојувајќи речиси 47% од вкупниот број на гласови, или повеќе од двојно во однос на второпласираниот опзоициски блок „Србија против насилство“.

Според првичните резултати, СНС би имале апсолутно мнозинство во 250 членото Народно Собрание, што би им овозомжило и самите да формираат влада. Сепак, иако победија и во Белград, разликата меѓу власта и опозиција е релативно мала, па клучни за управувањето на главниот град се чини дека ќе бидат помалите партии кои влегоа во градското собрание. Победата Вучиќ ја оцени за историска, и порача дека до 2027 година, во Србија нема да има нови избори.

-Листата „Србија не смее да застане“ ќе има секако повеќе од 127 мандати, дали ќе бидат 128, 129 или 130. Тоа што е резултат на овие избори е дека една листа „Србија не смее да застане“ ќе има апсолутно мнозинство во Народното собрание на Република Србија. Можно е тоа место да постои, но уште не сме го виделе, да имаме листата „Србија не смее да застане“ да добие помал број на гласови од претходните избори. Значи на сите избирачки места, во просек 10 проценти раст, и затоа гледате наместо 42 ќе биде над 46 проценти. Тоа е тоа, 10 проценти раст во однос на тоа што го имавме пред една година. -- Александр Вучиќ – Претседател на Србија.

Опозицијата и овој пат обвинува за изборни нерегуларности, а особено за изборен инжениринг со кој е извршена кражба на околу 40.000 одлучувачки гласови во Белград, со организирано носење луѓе пред се од Република Српска.. Резултатите според нив се неприфатливи, а најавија и протести за вечерва.

-Ние денеска присуствувавме на невидено изборно насилство во текот на целиот изборен ден. Денеска видовме нешто што до сега не беше пракса, особено на ниво на градот Белград. Кога овде со автобуси, со комбиња и автомобили беа носени луѓе кои не живеат во Белград, многу од нив прв пат беа во Белград, за да гласаат како да се белграѓани. Едноставно ова што се случи денеска низ Србија не може да биде нешто што можеме да го прифатиме како резултати од демократски и фер избори,- - Мирослав Алексиќ – „Србија против насилство“.

Вистинско изненадување на изборите кај нашиот северн сосед беше влезот на Бранимир Несторовиќ, српскиот доктор кој на јавноста и стана познат по ставовите за Ковид – 19 и теориите на заговор за вирусот. Несторовиќ ќе има десетина пратеници во српското собрание, а советниците кои ги освои во Белград ќе бидат клучни за идното раководење со градот. Сепак, тој вели дека нема да коалицира со никого.

-Мислам дека коалиција би била смртоносна за нас, би не убила уште на самиот почеток, пред да почнеме. Затоа што би било дека еве се испазарија, добро поминаа и одма се продадоа.- - Бранимир Несторовиќ - Ми—Глас из народа.

За разлика од Несторовиќ, лидерот на српските социјалисти и поранешен премиер Ивица Дачиќ заблежа драстичен пад на поддршката, најавувајќи и можна оставка...

-Ние не сме задоволни од резултатот, вклучувајќи ме и мене како лидер на оваа коалиција. Се разбира, ќе разговарам со моите колеги од Социјалистичката партија на Србија за тоа што е најдобро за партијата во наредниот период. Мое лично мислење е дека е неопходно да се најде нов лидер на Социјалистичката партија на Србија, - Ивица Дачиќ – Социјалистичка партија на Србија.

Според резултатите, во српското собрание ќе влезат 5 политички партии, како и 5 партии на претставници на малцинствата во Србија. Изборниот праг пак, не го поминаа радикалните десничаки Двери и Заветници, како и радикалната партија на Војислав Шешељ. Ништо подобро не помина ниту партијата на поранешниот претседал Борис Тадиќ... Ова беа втори избори за две години во Србија.

Објавена е првата фотографија на Памела Андерсон од филмот "The Last Showgirl"

Џанкарла Џиа Копола на Инстаграм ја објави првата фотографија од Памела Андерсон од филмот „Последната шоу-девојка“.

На сликата е прикажана поранешната зајачица на Плејбој како позира во Лас Вегас и во светкава облека.

Фановите немаа ништо друго освен пофалби за Памела.

„Изгледа моќно“, „Едвај чекам да го гледам филмот“, напишаа во коментарите на Инстаграм.

Инаку, Памела Андерсон ќе ја толкува главната улога во филмот „The Last Showgirl“.

Поранешната ѕвезда на „Чувари на плажа“ ќе глуми танчерка од Вегас, која ќе се најде без работа кога нејзиното шоу нагло ќе се укине по 30 години. Како танчерка во педесеттите години, нејзиниот лик се бори што да прави понатаму и се обидува да ги поправи заладените односи со нејзината ќерка, по долги години фокусирање главно на нејзиното шоу, пишува Дејли Мејл.

Покрај Памела, во оваа продукција ќе игра и Џејми Ли Кертис.

Да потсетиме, Андерсон ќе игра и во новата верзија на филмот „The Naked Gun“, заедно со Лиам Нисон.

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава кон делото на македонскиот револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев. 

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава кон делото на македонскиот револуционер, идеолог и учител, инспираторот и водачот на македонската револуционерна организација, Гоце Делчев, во која вели:

„Денеска, кога чествуваме 121 година од смртта на големиот македонски револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев, треба да се потсетиме на неговата идеја за културен натпревар меѓу народите. Во време кога во повеќе делови на Европа и светот беснеат војни, Гоцевите зборови делуваат како отрезнувачка порака за човештвото.” - истакна Ковачевски.

Претседателот на СДСМ, Ковачевски, посочи дека борбата на Делчев за слободна и независна македонска држава ќе остане вечен паметник за жртвата што ја дале тој и неговите современици.

„Нашата борба денеска, повеќе од еден век подоцна, е за Македонија која ќе биде дел од Европската Унија, држава со европски животен стандард и европски вредности.” - посочи Ковачевски.

Осврнувајќи се на аманетот кој го имаат оставено револуционерите низ македонската историја, Ковачевски посочи: „Како што Делчев и Илинденците не се откажале од нивната борба, така и ние не треба да се откажеме од нашата борба за подобра Македонија за нашите деца и внуци. Само ако успееме да изградиме почитувана, достоинствена и просперитетна држава ќе ја заслужиме почитта на следните генерации." - рече Ковачевски, се наведува во партиското соопштение.

Малолетник отвори оган во зграда во Стокхолм, уапсен е

Шведската полиција денеска уапси тинејџер во населбата Хамарби Сјостад во јужниот дел на Стокхолм, откако во петокот околу 22 часот добила пријава дека неколку истрели се испукани во врата од стан.

„Неколку лица беа во станот и моментално ги бараме осомничените сторители“, изјавила портпаролката на полицијата Надја Нортон, пренесува шведскиот јавен сервис СВТ.

Полицијата одби да ја открие точната возраст на момчето, туку само изјави дека станува збор за „постар тинејџер кој се уште не наполнил 18 години“.

Во престрелката не се повредени станарите од приватната куќа.

„Истрагата е сè уште во рана фаза, така што не можеме да кажеме повеќе“, изјави полицискиот претставник Пер Фалстром.

Афтонбладет пишува дека полициска екипа извршила рација набргу по пукањето.

Полицијата испратила повеќе патроли на местото на настанот, кои биле ангажирани за заштита на траги и разговори со сведоци.

Отворена е прелиминарна истрага за убиство во обид.

притисни ентер