Папагали „окупираа“ цел град и ги напаѓаат луѓето: Предизвикуваат прекини на струјата (ВИДЕО)

Малиот град Хиларио Аскасуби, на југозапад од аргентинската провинција Буенос Аирес, има огромен проблем со папагали.

Илјадници зелени, жолти и црвени птици го прогонуваат ова место, како резултат на сечењето на шумите во околните ридови, објаснуваат биолозите.

Но, проблемот не е во нивниот број (на секои 5.000 жители има по 10 папагали), туку во тоа што ги гризат каблите на електричната мрежа и предизвикуваат прекини.

Покрај тоа, тие постојано испуштаат гласни звуци и зад себе оставаат куп измет, пренесува The Guardian.

„Шумите полека исчезнуваат, па папагалите бараат храна и засолниште во градот, особено во текот на есента и зимата“, вели биологот Даина Лера.

Во текот на летото и сезоната на парење, жителите на градот Хиларио Аскасуби можат да здивнат додека птиците мигрираат на југ.

На социјалните мрежи се појавија бројни видеа од папагали кои ја напаѓаат електричната мрежа, зградите и локалната црква, а сцените потсетуваат на трилерот на Хичкок „Птици“ од 1963 година.

„Ги гризат каблите, а потоа врне дожд и ги навлажнува. Тогаш е прекинато снабдувањето со електрична енергија. Папагалите секојдневно ни создаваат проблеми и трошоци“, изјави новинарот Рамон Алварез.

Жителите на различни начини се обидувале да ги избркаат, но безуспешно.

„Важно е да се врати природната средина. Но, додека тоа не се случи, мораме да смислиме стратегија која ќе ни овозможи да живееме заедно на најхармоничен можен начин“, заклучила Даина Лера.

Жител од поплавената Јабланица: Синот одеше зад мене, кога го однесе бран од три метри (ВИДЕО)

Мухамед Беговиќ од Јабланица го загубил синот во поплавите што рано утринава го зафатија овој град.

Тој за порталот „Аваз“ изјави дека сѐ се случило во рок од 15 минути.

„Во куќата беа син ми, невестата, сопругата, внукот и внуката. Почнавме да излегуваме од дома. Синот одеше зад мене, малку се сврте и дојде голем бран. Веројатно беше три метри. Синот само исчезна. Каде да одам сега? Освен мојот син, другите преживеаја, сите сме згрижени, има каде да спиеме.“

Cybertruck е повторно повлечен- Тесла се соочува со нови проблеми

Tesla се соочува со нов проблем на својот футуристички Cybertruck, овој пат поврзан со задната камера, што бара итна поправка.

Овој проблем влијае на 27.000 возила произведени помеѓу ноември 2023 и септември 2024 година, што значи дека практично сите модели на Cybertruck на патиштата ја бараат оваа поправка.

Според извештајот доставен до американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA), проблемот е поврзан со доцнењето во прикажувањето на сликата од задната камера, која може да се појави дури по 8 секунди кога се префрла во рикверц. Ова доцнење може да влијае на способноста на возачот јасно да ја види ситуацијата зад возилото, зголемувајќи го ризикот од судар. Од Тесла наведуваат дека досега немало несреќи, повредени или смртни случаи поврзани со овој проблем.

Tesla најави дека ќе го поправи овој дефект со бесплатно ажурирање на софтверот, но додека тоа не биде достапно, ги советува возачите да ги користат своите ретровизори и да извршат визуелна проверка при возење наназад.

Ова е петто повлекување по ред што влијае на Cybertruck од неговото лансирање во ноември 2023 година, а исто така е најголемо до сега. Претходните повлекувања вклучуваат проблем со капакот на педалот за гас, што може да предизвика несакано забрзување на возилото, како и проблем со преголемиот бришач на шофершајбната што може да откаже.

Иако Tesla се обидува да ги реши овие проблеми со ажурирања на софтверот, оваа серија на повлекувања покренува прашања за доверливоста и квалитетот на Cybertruck. Сепак, компанијата покажа брзина и ефикасност во решавањето на проблемот без потреба од носење на возилото до сервисен центар.

„Касандра“ попладнево стигна во Грција, носи невреме со грмежи и ветришта

Во западна Грција пристигна бура наречена Касандра, која што носи облаци, дожд и грмежи, соопшти Националната метеоролошка служба (EMY).

Невремето треба да се смири до вечерва.

Низ земјата се прогнозира облачност, особено во текот на пладневните часови, со локален дожд и грмежи во северна Грција и Тесалија.

Утринската видливост утре може да биде намалена во некои области на копното, пишува еКатимерини.

Температурите ќе бидат благо покачени и ќе се движат од 27 до 29 Целзиусови степени, а на места во внатрешноста ќе достигнат до 31 степен.

притисни ентер