Паника на планина- Додека се шетал , наеднаш се појавила лавина (ВИДЕО)

Додека уживал во мирна рекреација на шумската патека и идиличните снежни сцени, Брајан Хауард никогаш не можел да помисли дека следниот момент ќе мора да спасува жива глава.

Канаѓанецот од Калгари ја снимил големата лавина што почнала да паѓа зад него.

„Вчера трчав во близина на езерото Луис кога одеднаш падна лавина. Бев релативно висока на патеката, така што не чувствував дека снегот може да ме проголта, но сепак почнав многу бргу да бегам“, напиша Брајон на Фејсбук.

Неверојатната сцена, која е видена преку дванаесет илјади пати на Фејсбук, беше снимена со неговиот мобилен и без оглед на опасноста од ситуацијата, Хауард на крајот на снимката се смее.

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски ги пофали квалитетите на Килијан Мбапе.

- Ако го споредите Килијан со други играчи, разбирате дека тој зборува различен јазик. Јасно им дава до знаење на младите играчи дека фудбалот не е единственото нешто што е важно. Тој е и пример за личност, покажувајќи дека не е важно само фудбалскиот терен, туку и она што е во вашата глава. Многу паметен човек кој има многу јасна идеја за тоа што сака да прави и како сака да го прави тоа. Патот по кој оди е јасен. Тој е паметен не само како играч, туку и како личност. Го почувствував тоа кога првпат го видов пред неколку години. Ми остави впечаток. Можете да зборувате за многу нешта со Килијан, изјави полскиот фудбалски ветеран.

Мбапе е член за Пари Сен-Жермен, капитен на француската фудбалска репрезентација и важи за еден од најдобрите фудбалери на светот.

По крајот на сезоната извесно е дека Мбапе ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

Последна претседателска дебата – вечерва по централните вести на Канал 5

Попладнево во Канал 5 се снимаше последната дебата на кандидатите за претседател.

Соочувањето ќе се емитува веднаш по централните вести во 18.30, а самата дебата е поделена на два дела.

Практично на само некоколку часови пред молкот, Канал 5 е местото каде што Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе ги соочат аргументите и ќе ги испратат последните пораки до граѓаните.

притисни ентер