Палестинците од новата израелска Влада не очекуваат промена на политиката

-Нема разлика меѓу израелските лидери, вели Ахмед Резик, 29-годишен службеник во јавниот сектор во Газа.

Палестинците од окупираната Газа и Западниот брег денеска во голема мера ја исклучуваат можноста дека ќе почувствуваат било каква промена во израелското владеење, изјавувајќи дека крајнодесничарскиот лидер Нафтали Бенет, кој треба да го замени долгогодишниот премиер Бенјамин Нетанјаху, веројатно ќе ја води истата политика кон арапското малцинство

Бенет, поранешен функционер на главната организација за еврејско населување на Западниот брег, ќе биде новиот премиер на Израел во првите две години од владеењето на новата владина коалиција, што беше договорена во средата пред полноќ, а во која е вклучена и арапската партија Раам.

-Нема разлика меѓу израелските лидери, вели Ахмед Резик, 29-годишен службеник во јавниот сектор во Газа.

„Тие се добри или лоши за нивната нација. А што се однесува до нас, сите тие се лоши, тие одбиваат да им ги дадат на Палестинците нивните права и земја", смета Резак.

Басем Ал-Салхи, претставник на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), изјави дека Бенет не е помалку екстремен од Нетанјаху.

Хамас, исламистичка група што ја контролира Газа, соопшти дека нема да се промени ништо со новата влада.

-Палестинците низ историјата биле под десетици израелски влади, десни, левичарски, центристички, како што ги нарекуваат. Но, сите тие биле непријателски расположени кога станува збор за правата на нашиот палестински народ и сите имале експанзионистичка политика, изјави портпаролот на ова движење, Хазем Касем.

За првпат во историјата кон некоја израелска владеачка коалиција се приклучи арапска партија избрана од арапско население, што сочинува 21 процент од Израел.

Лидерот на партијата Мансур Абас кажа дека договорот за коалиција вклучува одвојување на над 16 милијарди долари за подобрување на инфраструктурата и борба против криминалот во градовите со мнозинско арапско население.

Но, Абас е критикуван и во Газа и на Западниот брег затоа што „застана на страната на непријателот".

-Тој е предавник. Што ќе стори кога ќе го замолат да гласа за нова војна во Газа, прашува 21-годишниот Бадри Карам, жител на оваа енклава.

„Дали тоа ќе го прифати и ќе биде дел од убивањето Палестинци", додаде тој.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер