Пачовски: Секоја чест за Работнички, но Вардар има многу добри и искусни фудбалери

Актуелниот шампион на Македонија, Вардар и освојувачот на купот, екипата на Работнички на 23 септември на Националната арена „Филип Втори“ ќе се борат за трофејот во Суперкупот на Македонија. Голманот на „црвено-црните“ Томе Пачовски вели дека Работнички е вистински предизвик за неговиот тим, но се надева дека на овој дуел искуство ќе биде пресудно.


- Ќе биде многу тежок и неизвесен натпревар, како и сите дуели со Работнички. Нашиот противник има многу добри играчи кои што се покажаа во Европа, и добија повик во репрезентацијата. Секоја чест за Работнички и за успесите во Европа каде што стигнаа до четвртото коло, што не е мала работа за еден македонски тим. Меѓутоа ние се подготвуваме за овој предизвик, и се надевам дека подготвени ќе го дочекаме натпреварот. Мислам дека имаме многу добри и искусни играчи кои имаат многу натпревари и во странство и во домашното првенство. Имаат одиграно потешки натпревари. Исто така по преземањето на клупата од Гоце Седлоски сме целосно нова екипа. Имам големи пофалби за новиот тренер, кој што ни наметна победнички менталитет. Без разлика на сето тоа, ќе победи оној што има повеќе желба да дојде до пехарот, изјави Пачовски за веб страната на ФФМ.

Билетите за натпреварот Работнички – Вардар денеска ќе бидат пуштени во продажба преку продажната мрежа на „MK tickets“ по цена од 100 денари.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер