Овозможена е онлајн уплата за Лото 7 и Џокер преку веб страната на Државна лотарија

Од сега наместо да чекате во ред за уплата на ЛОТО 7 и Џокер на продажно место, уплатата ќе биде достапна од вашиот дом, од вашето омилено кафуле, од вашата канцеларија и од секаде каде што сте ONLINE. 

Државна Лотарија на свое големо задоволство најавува дека од денес, во тек на 55тото коло на игрите на среќа ЛОТО 7 и Џокер, уплатите за учество во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, веќе може да се примаат и преку веб страната www.loto.mk.

Веб страната www.loto.mk од неодамна доби нов изглед и нова функционалност, а од сега ќе е активен канал за уплата за учество во игрите ЛОТО 7 и ЏОКЕР.

Со ова, веб страната на Државна Лотарија, www.loto.mk, станува ново мобилно среќно место на играчите на игрите на среќа кои среќните ЛОТО7 броеви и комбинациите во Џокер играта ќе можат да ги уплаќаат и преку интернет од било каде, во било кое време.

Предностите се многубројни и очекуваме дека ќе привлечат голем број нови играчи кои ги претпочитаат можностите и комодитетот што ги нуди интернетот како канал за уплата.

Од сега наместо да чекате во ред за уплата на ЛОТО 7 и Џокер на продажно место, уплатата ќе биде достапна од вашиот дом, од вашето омилено кафуле, од вашата канцеларија и од секаде каде што сте ONLINE. Се што треба да направите е да се регистрирате на www.loto.mk и да креирате свој кориснички профил, а потоа на сметката на корисничкиот профил да уплатите депозит за игра од вашата платежна картичка.

Уплатените средства ќе се евидентираат на сметката на корисничкиот профил од каде може да се користат за игра. Добитниците кои своите уплати ги реализирале преку веб страната – www.loto.mk ќе имаат покус пат до освоените добивки, бидејќи сите освоени суми, освен сумите за добивките од прва категорија – премиите на ЛОТО 7 и Џокер, ќе се добиваат на сметката на корисничкиот профил. Корисничкиот профил ги чува сите внесени податоци, податоците за игрите, историјатот на уплатите и исплатите, а средствата добиени од исплатените добивки може да се користат за игра и да се повлекуваат на личната трансакциска сметка согласно потребите на играчот.

ONLINE уплатата на ЛОТО 7 ќе ги овозможи сите опции за игра кои ги нуди и играта со помошно ливче. Може да одиграте обична ЛОТО 7 комбинација, полн или скратен систем, но и да се претплатите за до десет кола. Во Џокер играта може да одиграте од еден до 50 џокер броеви. Новина во ONLINE играњето се можностите да ја зачувате вашата омилена комбинација и последно одиграното ливче и за следно коло да ги одиграте со еден клик.

Уплатата за учество во игрите на среќа ЛОТО 7 и Џокер е брза, лесна и безбедна, во согласност со правилата на игрите на среќа и важечките законски и подзаконски прописи во нашата земја. Уплатата на ЛОТО 7 и Џокер може да се реализира исклучиво на територија на Република Северна Македонија и важи за сите граѓани на возраст над 18 години.

Државна Лотарија ја задржа популарната цена на комбинација ЛОТО 7 и Џокер број, од 20 денари по комбинација/ џокер број. Во моментов, премијата на играта на среќа ЛОТО 7 изнесува 7.000.000 (седум милиони) денари, а премијата за Џокер со шест погодоци е над 900.000 ( деветстотини илијади) денари.

Со цел навремена и комплетна поддршка на играчите, во очекување на зголемен интерес за учество во игрите на среќа ЛОТО 7 и Џокер преку веб страната www.loto.mk, Државна Лотарија го засили тимот на контакт центарот и воведе ново, зголемено работно време. Преку контакт центарот може да се добијат сите потребни информации, од понеделник до сабота од 8:00 до 22:00 часот и недела од 8:00 до 16:00 часот, на телефонскиот број 02 323 7777, на вибер бројот 076 313 052, или на меилот [email protected].

Воведувањето на можност за ОNLINЕ уплата на игрите на среќа ЛОТО 7 и Џокер е резултат на обемен и долготраен проект на Државна Лотарија. Отворањето на интернет канал за уплата е големо скалило во искачување на компанијата на ниво на развиените европски лотарии. Целта на оваа новина е приближување на придобивките од игрите на среќа на Државна Лотарија до сите граѓани на нашата земја на возраст над 18 години. Во игрите на среќа кои ги приредува Државна лотарија не можат да учествуваат лица помлади од 18 години.

Ужас во Аризона: Татко си ги пронашол двете тригодишни близначки удавени во базен

Полицијата ги објави имињата на близначките кои трагично загинаа откако нивниот татко ги извлекол нивните безживотни тела од базенот во дворот.

Тригодишните девојчиња, Валентина и Пеналапи Руиз, починале во четвртокот во болница во Феникс, Аризона, соопштија официјални лица, пишува Daily Mail..

„Прелиминарните информации сугерираат дека дошло до случајно давење“, соопшти вчера полицијата.

„Во овој момент, нема ништо што откриле иследниците што изгледа сомнително“, рече пожарникарот на Феникс, Роб Мекдејд, за таткото на близнаците кој се јавил на 911.

Мекдејд додаде дека децата биле под вода „неодредено време“ пред да пристигне помошта околу 15:30 часот во четвртокот.

Девојчињата биле итно пренесени во блиската болница каде што биле прогласени за мртви, соопштија официјални лица.

Воздушните снимки од домот покажале базен во облик на бубрег што немал ограда околу него.

Расте бројот на жртвите во поплавите во Бразил- најмалку 57 загинати, 67 исчезнати (ВИДЕО)

Бројот на загинати од поројниот дожд во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул се искачи на 57, соопштија локалните власти, додека десетици се уште не се пронајдени, пренесува Ројтерс.

Цивилната заштита на Рио Гранде до Сул соопшти дека 67 лица се уште се водат како исчезнати, додека повеќе од 32.000 луѓе се раселени поради невремето, кое зафати речиси две третини од 497-те градови во државата, која граничи со Уругвај и Аргентина.

Поплавите уништија патишта и мостови во повеќе региони во земјата. Невремето предизвика и лизгање на земјиштето и делумно уривање на брана во мала хидроцентрала. Друга брана во градот Бенто Гонкалвес исто така е во опасност од уривање, соопштија властите.

Во Порто Алегре, главниот град на Рио Гранде до Сул, езерото Гуаиба се излеа, поплавувајќи ги улиците. Меѓународниот аеродром во Порто Алегре ги укина сите летови на неодредено време.

Во следните 36 часа се очекуваат врнежи од дожд во северните и североисточните предели на државата, но количината на врнежи се намалува и би требало да биде далеку под врвот забележан претходно оваа недела, соопшти државната метеоролошка служба.

Сепак, „нивото на водата во реките треба да остане високо неколку дена“, изјави денеска гувернерот Едуардо Леите во видеото на неговите социјални мрежи, додавајќи дека е тешко да се каже колку долго.

Рио Гранде до Сул се наоѓа на географската точка меѓу тропската и поларната атмосфера, што создава метеоролошка шема со периоди на интензивен дожд и други со суша.

Локалните научници веруваат дека оваа шема се интензивира поради климатските промени.

Обилните дождови веќе го погодија Рио Гранде до Сул во септември минатата година, кога екстратропски циклон предизвика поплави во кои загинаа повеќе од 50 луѓе. Ова се случи по повеќе од две години постојана суша поради феноменот Ла Ниња, со само слаби дождови.

Најбогатата актерка на светот има 3 милијарди долари, но ретко кој ја знае (ВИДЕО)

Кога ќе помислите на најбогатите актерки во светот, веројатно ви паѓаат на ум познати имиња како Џулија Робертс, Сандра Булок, Анџелина Џоли или Џенифер Анистон, но големи се шансите никогаш да не сте го чуле името на најбогатата актерка на светот.

Имено, оваа титула ѝ припаѓа на американската актерка Џејми Герц, чие богатство се проценува на 3,2 милијарди долари. Ако се прашувате која е, не сте единствените затоа што изгледа дека луѓето не можат да се сетат на неа.

58-годишната ѕвезда ја започнала својата кариера во 1981 година со улога во „Бескрајна љубов“ и оттогаш се појавила во голем број филмови, вклучувајќи ги „Изгубените момчиња“, „Твистер“, „Крстопат“, „Помалку од нула“, „Квиксилвер“ и „Шеснаесет свеќи“.

Покрај тоа, таа се појави во хит сериите Seinfeld, The Neighbors, Modern Family и This is Us, а неодамна глумеше во филмот „I Want You Back“ од 2022 година, но таа ретко се појавува на екранот.

Сепак, нејзиното богатство не се должи само на нејзината актерска кариера. Актерката е во брак со милијардерот и инвеститор Тони Реслер, со кого е косопственик на НБА тимот Атланта Хокс. Имаат четири деца, а интересно, кога се венчале во 80-тите, Џејми била хранителка бидејќи компанијата на нејзиниот сопруг пропаднала, но тој подоцна се опоравил и заработил милијарди.

Инаку, официјално најбогатата актерка на светот е холивудската ѕвезда Дина Мерил, чие богатство се проценува на 5 милијарди долари. Мерил починала во 2017 година, со што Џејми сега стана најбогатата жива актерка на светот.

притисни ентер