„V-Coptr Falcon“ е ново беспилотно летало на компанијата „Zero Zero Robotics“. Овој дрон со една батерија може да помине 50 минути во воздух, што е за 20 минути повеќе во споредба со „DJI Mavic 2“, пипува „The Verge“.
Со години четирите пропелери се стандард кој го користат сите беспилотни летала, затоа што нуди поголема сила и поголема стабилност.
Сепак, како што велат од „Zero Zero“, дизајнот на нагибен ротор кој овозможува секој пропелер да се врти независно, на овој модел му овозможува да им парира на ривалите со четири пропелери. Аеродинамиката на дронот вака е подобрена.
Уште една предност би требало да биде намалената потрошувачка на батеријата, како и компактната фомрма на дронот.
„V-Coptr Falcon“ е опремен и со камера со 12 мегапиксели која може да снима 4К видео.
Цената на овој модел ќе биде 999 долари, а во продажба би требало да се најде во фебруари.