Освен што треба да внимавате што јадете, важно е да пиете и доволно течност.
Вообичаените симптоми на дијареа вклучуваат честа водена столица, стомачни грчеви и надуеност. Дијареата често е начин на кој телото се справува со нарушувања во гастроинтестиналниот систем. Доколку моментално се борите со дијареа, постои начин да ја запрете оваа тешка состојба на природен начин, без употреба на лекови.
Хидратација
Хидратацијата е многу важна кога имате дијареа. Дехидрацијата од дијареа може да биде фатална, особено кај малите деца и старите лица. Некои истражувања покажале дека кај возрасните со поблаги симптоми на дијареа, спортските пијалоци и растворите за рехидратација, кои може да се набават од аптека без рецепт, се подеднакво ефикасни.
Алкохолот, млекото, газираните сокови и пијалаци кои содржат кофеин, не би требало да се користат за хидратација, бидејќи може да ги влошат симптомите.
Пробиотици
Пробиотиците се извори на добри бактерии кои работат во цревниот тракт за да создадат здрава средина во цревата. Тие во суштина се живи микроорганизми кои постојат во одредени видови храна како што се меките сирења, свежите сирења, темното чоколадо, зелените маслинки и јогуртот.
Добрите бактерии, кои живеат во цревниот тракт, се неопходни за нормално функционирање на гастроинтестиналниот систем. Тие играат важна улога во заштитата на цревата од инфекции.
Кога системот ќе се промени поради користење антибиотици или ќе се преплави со нездрави бактерии или вируси, може да добиете дијареа. Пробиотиците можат да помогнат при дијареа така што ја враќаат рамнотежата на бактериите во цревата.
Ѓумбир
Постои една намирница која со години е погодна за секакви стомачни проблеми - ѓумбирот! Може да се користи свеж, во форма на суплементи или како чај, ѓумбирот ги ублажува мачнините од хемотерапија, мачнините во бременоста, а ефикасно делува и против болки во мускулите добиени при вежбање.
Храна
Иако можеби ќе ви звучи контраинтуитивно, порталот Healthline наведува дека одредена храна може да помогне во ублажувањето на симтопмите на дијареа.
Диета BRAT
Придржувањето до храна со ниска содржина на растителни влакна, познато како BRAT диета, може да ви помогне да ја зацврстите столицата. Ова вклучува:
Банани
ориз (бел)
сос од јаболка
тост
Всушност, името на диетата потекнува од англискиот јазик. Банани (Б), „rice“ (ориз на англиски), „applesauce“ (сос од јаболка) и тост како последна ставка од диетата.
Други намирници кои се препорачуваат кога имате дијареа:
овесна каша
варени или печени компири (со излупена кора)
печено пилешко без кожа
пилешка супа
Храна која треба да се избегнува
Постојат намирници кои не се препорачуваат и кои луѓето не ги поднесуваат добро кога имаат дијареа. Тие вклучуваат пржена и мрсна храна, а исто така треба да ја ограничите храната богата со растителни влакна, како што се целозрнестите житарки, овошјето и зеленчукот кои можат да ја зголемат надуеноста.
Храната што треба да се избегнува:
алкохол
вештачки засладувачи (се наоѓаат во гуми за џвакање, диетални безалкохолни пијалоци)
грав
бобинки
брокула
зелка
карфиол
наут
кафе
пченка
сладолед
зелен лиснат зеленчук
млеко
грашок
пиперки
суви сливи
Кога да одите на лекар
Во повеќето случаи, симптомите на дијареа ќе престанат во рок од 5-7 дена. Сепак, луѓето треба да се јават на лекар ако дијареата опстојува неколку дена или ако домашното лекување нема ефект.
Извор: srecna.republika.rs