Тие се повторно отворени во согласност со данскиот план за укинување на мерките за борба против ширењето на коронавирусот.
Сите ученици од основните и средните училишта сега можат да посетуваат настава во училници.
При влегување во кино, театри и спортски сали, мора да се покаже негативен тест за коронавирус не постар од 72 часа или доказ за вакцинација или закрепнување од инфекцијата преку апликација во ковид-пасошот.
Покрај тоа, во рестораните и пабовите, што веќе се отворени пред две недели, е укината обврската за резервација на маса половина час порано.
Бројот на дозволени лица во затворен простор сега е зголемен на 25, а на отворено на 75 учесници.
Данската влада и големото мнозинство во парламентот во Копенхаген се договорија во март за сеопфатен план за повторно отворање и укинување на ограничувањата на јавниот живот.
И покрај претходните мерки за отворање, новите бројки на заразени остануваат релативно стабилни, а седумдневната инциденца со недели е под 100.