Компаниите кои доброволно се согласија дека ќе ги намалат цените на основните прехранбени производи во рамки на Новогодишната кошничка, да си го одржат зборот и да не го прекршуваат ветеното, апелира Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).
Комората досега нема потврда дека некои од нејзините членки не се придржуваат до оваа мерка и дека направиле какви било зголемувања на цените надвор од договореното.
-Компаниите што предложија сами, самоволно, без никаков притисок, треба да се придржуваат кон тој предлог, да ги почитуваат предлозите и мерките што ги креиравме заедно со Владата. Не можеме да знаеме 100 отсто, но засега немаме информации дека некои наши членки не се придржуваат до мерката. Имаме и Управен одбор кој ни кажува дека нема такви промени. Ние само можеме да апелираме до нашите членки кои дале збор до 15 јануари да ги држат тие цени, да се придржуваат на тој предлог. Бевме со нашите членки заедно во Владата добороволно да дадат предлози за намалување на некои основни артикли. Тоа се случи. Верувам дека треба така и да постапат. Сме за тоа дека дадоа збор дека до 15 јануари и дека ќе се придржуваат на зборот што го дадоа. Верувам дека компаниите што предлагаа, ќе се придржуваат на тоа и тоа ќе биде најдобар начин за понатаму да имаме такви акции за која било кошничка, изјави денеска петседателот на СКСЗМ, Менди Ќура.
СКСЗМ уште еднаш го потврди ставот дека е против замрзнување на цените и ограничување на маржите.
-За ограничување на маржите, ние сме против. Како Комора секогаш бевме и против замрзнување на цените. Ние сме за слободен пазар и тие ставови не ги менуваме. Мислиме дека слободниот пазар е главниот фактор во државата што треба да го процени квалитетот, квантитетот,..., истакна Ќура на прес-конференција.
Поради поплаките на граѓаните дека се зголемени цените на некои прехранбени производи кои не се дел од Новогодишната кошничка, Владата деновиве најави зајакнати инспекциски контроли во маркетите и можни ограничувања на цените и маржите на овие производи.
СКСЗМ бара 500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор
Минималната плата да биде 500 евра, придонесите да се намалат од 47,7 на 32 отсто, а дел од администрацијата да се прераспредели во приватниот сектор, бара Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).
Комората денеска повторно го актуелизираше и прашањето за поврат на ДДВ-то кон компаниите. Како што изјави претседателот на СКСЗМ, Менди Ќура, и претходната и сегашната Влада доцнат со враќањето на данокот.
[Në konferencën për shtyp të organizuar nga Oda Ekonomike e Maqedonisë Veri-Perëndimore e mbajtur më 26.12.2024 në ambientet e OEMVP-së, kryetari i Odës, z. Mendi Qyra, prezantoi zhvillimet ek]
-За администрацијата, нашите предлози се од претходно, уште пред да дојде оваа Влада. Мислиме дека администрацијата е преоптоварена и сакаме дел од неа да се преквалификува во приватниот сектор. За минималната плата, исто така, зборуваме веќе една година и бараме да биде 31 500 денари. Бараме и придонесите да се намалат зашто мислиме дека се превисоки и тоа е товар што ја пенализира платата. Кај нас е прогресивно, што повеќе плата даваш, даваш и повеќе придонеси. На илјада евра се плаќа 52 отсто, не се плаќа 47 отсто. За минималната плата се плаќа 47,5, а за повисока плата, од илјада евра на пример, 52 отсто. Во Словенија каде што има повисока плата, 42 отсто оди надолу, од 42 на 41,... На таков начин да се стимулира. За ДДВ-то образложението беше вакуумот меѓу промените, па и претходната влада пред да оди избори заостана со враќањето, а и сегашната кога дојде, исто така задоцни. И така, одвреме - навреме на некоја компанија и се плаќа, па се враќа па се сменува бројот, истакна Ќура.
Тој не прецизираше како би се стимулирало евентуалното преминување на дел од администрацијата кај бизнисот, дали преку некој вид отпремнина или повисоки плати.
-Од двете страни треба, и од Владата да се делат средства и од компаниите за да се стимулираат тие работници да се префрлат од администрација во приватен сектор, нагласи претседателот на СКСЗМ.