Отворање на 53. Балкански фестивал на народни песни и игри во Охрид

Со настап на Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“, заедно со фолклорниот ансамбл „Гоце Делчев“ од Неврокоп, Република Бугарија, вечер во Охрид ќе биде отворено 53-от по ред Балкански фестивал на народни песни и игри.

Манифестацијата за отворена ќе ја прогласи претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, кој е покровител на Фестивалот.

Најстарата манифестација од тој вид во Република Македонија и оваа година ќе понуди богата и разноврсна уметничка програма, со акцент на ансамбли и КУД што ги негуваат традиционалните песни и игри од балканските простори. Во текот на петте фестивалски денови на сцената „Долни Сарај“ ќе настапат 12 ансамбли и КУД од Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Полска, Словенија, Грција, Србија, Турција, како и три фолкорни друштва на нашите иселеници од Мелбурн, Австралија.

Овогодишното фестивалско издание „Танец“ ќе го отвори со сосема нова програма, нови атрактивни кореографии, на внимателно обработени фолклорни теми, блиски до изворното. Балканскиот фестивал на народни песни и игри е една од ретките манифестации од тој вид во регионот што опстојува веќе пет децении и успева да го задржи високото реноме, притоа покривајќи ги сите трошоци за престој на учесниците на фестивалот.

Манифестацијата ја организира Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид, со финансиска поддршка на Министерството за култура. Влезот за сите фестивалски вечери е бесплатен. Летната сцена Долни Сарај каде ќе се одржуваат настапите е реновирана, со поставена кровна конструкција со помош на Министерството за култура.

Роналдо за шансите за титула на Арсенал: Нема да ја освојат лигата, о Боже

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо разговараше со промоторот Френк Ворен, навивач на Арсенал, пред боксерскиот меч меѓу Тајсон Фјури и Украинецот Александар Усик.

Нивниот разговор е снимен на видео емитувано од Ријад. Ворен му рече на 39-годишниот Португалец: „Сè уште те чекаме во Арсенал“. Роналдо се насмеа и одговори: „Нема да го освојат првенството, о Боже“.

Роналдо претходно играше во Англија за Манчестер јунајтед, со кој три пати ја освои Премиер лигата (2007, 2008 и 2009 година).

По 37 кола, Арсенал се наоѓа на второто место во поредокот, со два бода помалку од лидерот Манчестер сити.

Во последното коло, денес лондонскиот тим ќе игра против Евертон, а Сити против Вест Хем. /МИА

Гвардиола не планира наскоро да го напушти Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во тимот.

- Имам договор и сакам да бидам тука. Мојот план е да останам во Манчестер следната сезона, изјави Гвардиола за „Мирор“.

Шпанскиот фудбалски стручњак го презеде Манчестер сити во 2016 година. Под негово водство тимот пет пати го освојуваше англискиот шампионат и еднаш Лигата на шампионите.

По 37 кола, во Премиер лигата води Манчестер сити со 88 бодови. Заостанувањето на второпласираниот Арсенал е два бода. Ливерпул (79) ги загуби шансите за евентуална шампионска титула. /МИА

„Билд“: Германското Министерство за одбрана бара од Владата уште 3,8 милијарди евра за Украина

Германското Министерство за одбрана побара од сојузната влада дополнителни 3,8 милијарди евра помош за Украина за оваа фискална година, пишува „Билд“.

Весникот наведува дека оваа година Германија обезбедила воена помош од 7,1 милијарди евра за Украина и дека овие пари се користат за плаќање на воена опрема што Украина ја купува директно од наменската индустрија и укажува дека на Украина и треба итно поголема поддршка за да не изгуби војната со Русија, поради што Министерството за одбрана побара дополнителни средства.

Министерот за одбрана Борис Писториус разговараше за тоа со канцеларот Олаф Шолц, а потоа се сретна со Кристијан Линднер, шеф на одделот за буџет во германското Министерство за финансии.

Дополнителните расходи треба во јуни да бидат поднесени до Бундестагот на усвојување, според „Билд“. /МИА

притисни ентер