Отворање на 35.„Скопско лето“ со гала оперски концерт во МОБ

Со гала оперски концерт на Македонската опера и балет вечер, на Светскиот ден на музиката и на почетокот на летото, ќе почне 35. летна културна манифестација „Скопско лето“. Поради нестабилното време, концертот ќе биде изведен во МОБ наместо на плоштадот „Филип Втори Македонски“ како што првично беше најавено.

Ќе настапат солистите, хорот и оркестарот на МОБ под водство на диригентката Бисера Чадловска. На програмата се арии од „Кармен“ на Бизе, „Риголето“ и „Набуко“ од Верди, „Кавалерија рустикана“ на Маскањи, „Севилскиот бербер“ на Росини, арии од „Боеми“ и „Мадам Батерфлај“ на Пучини, од „Лилјакот“ на Штраус, „Хофманови приказни“ на Офенбах...

Покрај свеченото отворање во МОБ, на првиот ден од фестивалот во Мала станица ќе биде претставен мултимедијалниот проект на Гоце Наневски - „Мо(ну)мент, како и целодневен настап на улични музичари во организација на Универзалната сала.

Проектот „Мо(ну)мент“ го сочинуваат механизми и видеа, т.е. скулптурален механички систем. - Замислен е како истражување на механичко-електронската процесија на последиците од нашите решенија. Проектот треба да мапира една слика на човекот која го отсликува како одговорен субјект кој влијае врз неговото опкружување и обратно, кога неговите одлуки и реакции се условени од заемната спрега личност - општество преку испитување на системите на веројатност, информира Националната галерија на Македонија.

Организатор на „Скопско лето“ е Дирекцијата за култура и уметност-Скопје. Традиционално ќе трае до крајот на јули, а и оваа година ќе понуди богата програма со многу настани од различни сегменти на културата. Најбројни се музичките настани - 22 концерти на домашни и странски солисти и ансамбли (Германија, Австралија, Франција, Грузија, Бугарија...) Меѓу нив, како посебно музичко доживување организаторот го издвои концертот на турските музички ѕвезди Бурхан Очал и Хусну Шенлендирџи - дуо со интернационална кариера. Нивното гостување утревечер во МНТ е организирано во соработка со турскиот културен центар „Јунус Емре“.

Разновидност во содржините ќе има и на настаните од ликовната дејност, меѓу кои изложбата на уникатен накит, скулптури и слики на босанските уметници Адин Хебиб, Миа Хебиб и Едина Селишковиќ, изложбата на сценографии на Живојин Трајановиќ по повод 40 години професионално творештво, изложбите на ДЛУМ...

Во 40-те дена фестивалска програма ќе има и театарски претстави, перформанси, премиерни изведби (операта „Боеми“ на МОБ, претставата „Могли“ на Театарот за деца и младинци), како и програмите во склоп на „Скопско лето“ - Кинотечното скопско летно кино (од 7 јули во Кинотеката на Македонија) и „Блуз и соул фестивалот“, на кој на 17 јули ќе гостува гитаристот Ерик Сардинас. „Скопско лето 2014“ ќе заврши на 31 јули со концерт на барокна музика на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија.

Си Џинпинг на средбата со Макрон: Кина и Франција да се држат до заедничките придобивки

Си додаде дека двете земји треба да се спротивстават на изградбата на „ѕидови и бариери“.

Кинескиот претседател Си Џинпинг за време на разговорите со неговиот француски колега Емануел Макрон во Париз, рече дека Кина и Франција треба да се држат до „заедничките придобивки“ и заеднички да се спротивстават на одвојувањето и разбивањето на индустриските синџири и синџирите на снабдување, пренесоа кинеските медиуми.

Си додаде дека двете земји треба да се спротивстават на изградбата на „ѕидови и бариери“.

Кинескиот лидер изјави дека Европа е важен партнер во модернизацијата на Кина, додека Макрон рече дека евро-кинескиот дијалог е понеопходен од кога било поради меѓународната ситуација.

„Координацијата“ со Кина за Украина и Блискиот Исток е одлучувачка“, рече францускиот претседател во воведната изјава пред средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и Си Џинпинг.

Тој изјави дека се залага за „фер правила за сите“ кога е во прашање кинеско-европската трговија.

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва во Скопје го одржа завршниот митинг во рамки на претседателската кампања и притоа истакна дека е сигурен дека на 8 мај, ќе се извојува двојна победа, како што рече: „не за нас, за сите вас“.

Тој ги повика скопјани, но и сите граѓани на Македонија да размислат кому ќе ја дадат довербата в среда бидејќи ако се дограба ВМРО-ДПМНЕ до власт, последиците можат да бидат непоправливи и на среден и на долг рок, бидејќи според него тоа се луѓе без искуство, без политичко искуство да водат држава, да водат град или општина.

„Кога ќе ги прашате што ќе правиме со нашето членство во НАТО, кое самите во својата програма го ставија како најголема вредност и најголема контрибуција за безбедноста на Македонија, тие велат ќе го почитуваме Преспанскиот одговор, но никогаш нема да изговориме Северна. Да го кажува ова дете од претшколска возраст па и ќе се насмеете. Кога го кажува возрасен човек, професор на факултет, кандидат за највисоката политичка функција, а тоа го повтори и денеска на последниот дуел кој го имавме, единствено ви останува да ја жалите госпоѓата“, додаде Пендаровски.

Тие, продолжи Пендаровски, немаат ниту еден конкретен одговор за нашите најголеми стратешки проблеми и дилеми.

„Велат немало да ја менуваат Европската преговарачка рамка, таа ќе останела како што е. Меѓутоа ќе барале за возврат од Бугарија да исполнува одлуки на судот во Стразбур. Кога ќе и предочите на госпоѓата дека не е можно од 1957 кога е направена ЕУ, до ден денешен земја која е кандидат, која не е членка, да условува земја која е членка на ЕУ, што е азбука во сите меѓународни организации и кога ќе и кажете дека солидарноста меѓу земјите членки е примарна, не кон оние кои не се членки, таа само превртува со очи и буквално ништо не ви одговара“, рече Пендаровски.

Осврнувајќи се на изјавите на неговата противкандидатка дека Рамковниот договор го надминал времето, Пендаровски истакна дека Македонија ќе опстои исклучиво како заедница на потполно рамноправни граѓани.

„Кога имате работа со луѓе кои за, а сите знаеме колку мртви колку повредени, колку инвалиди, колку деструкција имавме во таа 2001 и дека тие рани ден денеска не можеме да ги залечиме, тоа значи дек тие луѓе немаат осет во каква држава живеат, каква е популационата структура. Ако можело да функционира 23 години, не гледам причини да одиме по овие забегани теории, заговори и личности кои тврдат дека имале подобри решенија“, подвлече тој.

Истакнувајќи дека граѓаните на Центар имаат голем креативен, демократски потенцијал, тој ги повика на 8 мај масовно да се мобилизираат и да покажат дека знаат да се грижат за себе и за иднината на своите деца.

„За да ја зацементираме иднината на Македонија на магистралата која води кон Европа и развиениот свет, со заокружување на бројот 1, во масовна бројка да им покажеме на ова кои ја замислуваат Македонија само како нивна, приватна држава дека нема да успеат. Нема да успеат! За број 1, на 8 мај, на двата избора“, заклучи Пендаровски.

Фото: Најскапата банана на светот!!

Мало девојчето покажа како прави вистинска уметност од семки, овошје и ориз.

Девојченце од Кина сè што ќе допре претвора во мини ремек-дело!

На многу родители им е добро познато дека на децата им е потребна малку забава, а наместо многу скапи играчки, нивните деца претпочитаат да си играат со правосмукалка или кујнски прибор. Девојчето од Кина покажа како ја подигна својата игра на повисоко ниво, создавајќи вистински мали ремек-дела од банани, ориз и семки од сончоглед.

Малото девојченце многу прецизно го издлаби логото на познатиот бренд „Гучи“ на бананите, па некој во коментарите напиша „најскапите банани на светот!“

притисни ентер