Астробиолозите особено се заинтересирани за поларните подрачја на Марс , каде што е најдено големо количество смрзната вода. Доколку се стопи , ова количество би било доволно за да се формираат океани , тврдат научниците. Покрај смрзнатата маса на половите , најдено е огромно колилчество смрзната вода и под земјата на Марс. Овие подземни резервоари на смрзната вода може да станат бесценет ресурс , доколку некои идни генерации успеат да дојдат на Марс за да се населат.
Геофизичарите од универзитетот во Тексас ги проучуваат податоците од радарот ,,Шарад”, што се наоѓа на леталото Mars Reconnaissance Orbiter (MRO). Ова летало е лансирано 2005 , а од февруари 2006 е во орбитата на Марс .
Со помош на радарите , леталото праќа податоци од 2,4 километри длабочина под површината на Марс. На длабочина од 1,6 километри по површината на Марс се најдениголеми количества замрзната вода , што доколку се стопи , би формирала водена обвивка со длабочина од 1,5 метри .
Оваа вода би можела да содржи корисни информации за историјата на Марс и одговори што се случило на оваа планета и дали некогаш на неа имало живот како на Земјата.
Поттикнати од ваквите наоди , дел од научниците почнаа со предвидувањата дека луѓето би можеле да живеат на Марс.