Откриен најстрашниот сериски убиец во историјата на САД (ВИДЕО)

Американец , кој е осуден за три убиства во Калифорнија , на полицијата и признал дека извршил над 90 убиства низ САД.

Со години Семјуел Литл се сомничи дека извршил бројни убиства , но сега признал во полицијата дека има извршено над 90 убиства , потврди и обвинителството од Тексас.

78 – годишниот Литл е осуден во 2014 за убиство на три жени во округот Лос Анџелес , што било докажано со примероците на ДНК најдени на местата на убиствата. Тој скитал од еден на друг крај на земјата во потрага по жени со проблеми , зависници и други ранливи луѓе. Според американските медиуми , тој има исклучително богато криминално минато.

За последните 56 години е осудуван за напади врз жени, упади, вооружени грабежи и поседување дрога. Обвинителството тврди дека Литл е одговорен за најмалку 40 убиства од 1980 година , но нема докази за тоа.

Детективите го поврзуваат со убиства во Флорида, Џорџија, Кентаки, Лујзијана , Мисисипи, Мисури , Охајо и Тексас.

Почина таткото на Тоше Проески

По тешко боледување, почина Никола Проески – татко на легендарниот музичар Тоше Проески.

Тажната вест денеска на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка. Таа со фотографијата на која се Никола и Тоше се прости од својот татко. Според пријатели на семејството, последниве месеци, тој се лечел во приватна болница во Скопје.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.

Локални избори во Велика Британија

Во Велика Британија денеска се гласа на локални избори кои се гледаат како последен тест на јавното мислење пред општите избори подоцна оваа година.

Прогнозите покажуваат дека владејачките конзервативци би можеле да изгубат до половина од советничките места што ги бранат и дека партијата очекува „значителни загуби“.

Повеќето места за реизбор последен пат беа оспорени во 2021 година, на врвот на популарноста на Борис Џонсон кога беше воведена вакцината против Ковид-19.

Исто така, се одржуваат вкупно 11 избори за градоначалник, вклучувајќи го и градоначалникот на Лондон меѓу фаворитот, актуелниот лабуристички градоначалник Садик Кан и конзервативната предизвикувачка Сузан Хол.

Прогнозите постојано го ставаат Кан пред Хол, а анкетата објавена во средата од Саванта го води Кан за 10 процентни поени, откако неговата предност се намали за време на кампањата. /МИА

Српската министерка за образование : Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Српската министерка за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ денеска изјави дека утре во Белград со програма наречена „Будење“ ќе се одбележи првата годишнина од масовното убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ во кое животот го загубија девет ученици и еден работник од училишното обезбедување на 3 мај 2023 година.

Ѓукиќ Дејановиќ истакна дека утре пред се семејствата на убиените деца ќе имаат можност достоинствено да ја изразат својата болка, сеќавање и страдање.

Министерката во изјава за РТС нагласи дека секој 3 мај ќе биде ден на голема тага и сеќавање на жртвите./МИА

притисни ентер