Потребни состојки:, околу 500 мл. слатка павлака, 200 гр. шеќер во прав, 200-300 гр. крем сир, 90 гр. путер, 300 гр. плазма кекси, 300 гр. микс од аронија, брусница и боровница , 1 лажичка густин и 1 лимон.
Постапка:
Во подлабок сад се става слатката павлака и се мати со миксер додека не се згусне.
Се додава шеќер во прав и се продолжува со матење.
Потоа се додава крем сир и се продолжува со матење се додека не се добие хомогена смеса.
За тоа време во друг сад се блендира путер и дробени плазма кекси.
Белиот крем се става во шприц.
Блендираниот путер со плазма кекси се распределуваат во пластични чашки,
Одозгора се става од белиот крем со шприц.
Врз кремот се додава каша од: густин, микс од аронија, брусница и боровница и еден лимон.