Осум причини за постојан замор, исцрпеност и чувство на поспаност

Во секојдневната трка да завршиме сè што е потребно на работа и во семејството, нашето здравје најчесто го плаќа данокот. Исцрпеноста, поспаноста и постојаниот замор најчесто се симптоми на недоволен одмор на организмот.

Сепак, ова може да бидат и знаци за некои болести - од обична настинка до психички проблеми. Како што пишува магазинот Бест лајф, експертите откриле осум можни проблеми поради кои се чувствуваме уморно и поспано. Ако препознаете некои од нив, тоа ќе ви помогне да ги свртите работите во ваша корист, да ја покренете вашата енергија и да се ослободите од постојаното чувство на замор.

1. Исхрана

Здравјето на нашето тело, како и нивото на енергија, во голема мера зависи од исхраната.

- Доколку исхраната е богата со шеќери и нездрави масти, тоа може да придонесе да се чувствуваме уморно. Ваквиот начин на исхрана предизикува постојани осцилации на нивото на шеќер во крвта, па организмот се бори да го надомести недостатокот на хранливи материи и тоа предизвикува замор - предупредува британскиот лекар Николас Драголеа и советува да се префрлиме на здрава храна.

Според него, умереноста е клучна, бидејќи ако имате премногу рестриктивна диета и ги броите калориите, тоа исто така може да доведе до постојан замор на телото.

2. Недостаток на витамин Д

Витаминот Д игра многу важна улога за здравјето, имунитетот и јачината на коските. Недостатокот на овој витамин во организмот може да се манифестира преку замор и поспаност, а може да доведе и до депресија. Сепак, како што предупредуваат експертите, пред да се одлучите да го земате овој витамин, задолжително направете ги потребните тестови и консултирајте се со лекар кој ќе ви ја одреди точната доза и време за да користите дополнителни количини на витаминот Д.

3. Недостаток на активност

Физичката активност, покрај исхраната е уште една клучна работа за добро здравје. Сепак, повеќето луѓе истакнуваат дека немаат слободно време да се посветат на вежбањето.

-Недостатокот на физичка активност може да доведе до намалување на тонусот на мускулите и намалување на енергијата, и да предизвика чувство на умор. Вежбајте редовно додека времето ви дозволува за да ја зголемите циркулацијата, да го подобрите расположението и да спиете подобро. Доколку немате време да тренирате во сала, обидете се да пешачите што повеќе и да ги користите скалите наместо лифтот – препорачува д-р Драголеа.

4. Алкохол

Алкохолот и недозволените супстанци (наркотици) се уште една причина поради која се чувствувате безволно и уморно, предупредуваат експертите. Конзумирањето алкохол, дури и во умерени количини, го затапува нервниот систем и нервите во телото, и доведува до замор. Многумина погрешно веруваат дека пиењето чаша алкохол или вино ќе им помогне да спијат подобро. Алкохолот во организмот влијае врз зголемувањето на хормоните на стресот, па сигурно побрзо ќе заспиете, но квалитетот на сонот ќе биде лош. Слично дејство имаат и недозволените супстанци, кои прво ќе ве кренат, а потоа нагло ќе ја изгубите енергијата предизвикувајќи несоница, која потоа тешко се лекува, предупредуваат експертите.

5. Лекови

Многумина ќе бидат изненадени, но некои лекови може да предизвикаат замор и поспаност, што е несакана појава од нивната употреба. Ова првенствено се однесува на различни видови антихистамини, бета блокатори кои се користат за лекување на срцето или лекови за ментални болести. Консултирајте се со вашиот лекар и објаснете му какви промени чувствувате, можеби ќе треба да ја промени вашата терапија.

6. Нарушување на расположението

Постојаниот замор и поспаност може да бидат показател и за разни психички нарушувања. Ненадејните и чести промени во расположението, анксиозноста и депресијата влијаат на нивото на енергија и доведуваат до чувство на постојан замор.

- Нарушувањата на менталното здравје, особено ако се хронични, можат да влијаат на апетитот, расположението и особено на спиењето. Доколку и вие имате постојано чувство на тага и безнадежност, побарајте совет од психијатар кој би ви дал адекватна терапија за справување со вашата психичка состојба – изјави д-р Драголеа.

7. Лоши навики при заспивање

Постојаниот замор и поспаност во голема мера се предизвикани од лошите навики при заспивање. Ако пиете премногу кафе и гледате во мобилниот телефон пред да заспиете, тоа само ќе ги разбуди мозочните клетки и ќе имате проблеми со спиењето. Рутината е исто така многу важна, затоа обидете се секоја вечер да легнувате во приближно исто време за вашето тело да знае дека е време за одмор и спиење. За да се ослободите од заморот мора да ги промените лошите навики.

8. Неоткриени болести

Постојаниот замор и поспаност во текот на денот може да биде сигнал дека имате болест за која не знаете. Спектарот на болести е широк - од анемија, дијабетес до проблеми со тироидната жлезда. Заморот е само последица на дополнителниот напор на нашето тело да се справи со здравствениот проблем за кој можеби не сте ни свесни. Доколку оваа состојба трае подолг временски период и продолжува дури и откако добро ќе се наспиете и одморите, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар и да побарате прегледи и анализи со цел да се утврди зошто постојано чувствувате замор и поспаност.

Семејствата на жртвите на најголемиот пожар во Грција ја демолираа судницата (ВИДЕО)

Семејствата на жртвите кои загинаа во страотниот пожар во Грција во 2018 година денеска жестоко реагираа на пресудата со која шест лица беа осудени за дела поврзани со најсмртоносниот пожар во историјата на земјата во кој што загинаа 104 лица.

Судот во Атина денеска осуди маж за случајно палење пожар и петмина поранешни функционери на противпожарната служба. Судот ослободи 15 други лица, меѓу кои и регионални гувернери, од обвиненијата за прекршоци.

Еден од гувернерите бил обвинет и за убиство од небрежност, а семејствата на жртвите извикуваа „срам“ по читањето на ослободителните пресуди за функционерите.

Еден од присутните за време на изрекувањето на пресудата фрлил стол, поради што е приведен, јавуваат грчките медиуми. Тој не е единствениот кој направил хаос во судницата. Како што пренесува „Прототема“, членовите на неколку семејства почнале да фрлаат со столчиња и да ги навредуваат судиите додека ја напуштале судницата.

„Срам да ви е, немате ли деца?“, се слушало како викаат револтираните членови на семејствата на загинатите.

„Некорисни сте, животни!“ извикуваа огорчено.

„Цела Грција знае што се случи, сметавме на вас да ги осудите“, плачеа во судницата....

За потсетување, петмина осуденици, меѓу кои и поранешниот началник на противпожарната служба, добија казни од 15 до 111 години за повеќекратни кривични дела од небрежност што довеле до повреди и загуби на живот. Судијата претседавач наредил казните да се издржуваат истовремено, со затворска казна ограничена на пет години.

Сите петмина осудени функционери се ослободени и им е дозволено да платат парични казни наместо издржување на казната, проценета на до 40.000 евра, пренесува АП.

Шестиот човек, сопственик на имотот каде што избувнал пожарот, е осуден на три години затвор поради невнимание и исто така е ослободен.

Да потсетиме, 104 лица загинаа во пожарот во крајбрежниот град Мата, кој се случи во јули 2018 година. Преживеаните ги обвинија властите дека не ги координирале спасувачките операции и одговорот бил премногу бавен. Владата и локалните власти ги отфрлија обвинувањата, тврдејќи дека поради силните ветрови невозможна била навремена реакција и дека целата одговорност е на луѓето кои го подметнале пожарот.

Стојаноска:Во Платформа 1198 за Јегуновце предвидено реконструкција и изградба на инфраструра

На 24-ти април огромен број на гласачи испратија силна порака до актуелната, но и до идната власт. 

На актуелната власт и’ потпишаа решение за долгогодишен одмор, додека на идната власт и’ даваат можност да почне да ги исправа нештата, но без никаков простор за било каква грешка или пропуст, вели носителката на листа за пратеници во шестата изборна единица, Дафина Стојаноска на денешниот митинг во Јегуновце.

Таа посочи, додека актуелната власт се созема од добиениот нокдаун и најавува дека ќе почнела од нула, идната власт на ВМРО-ДПМНЕ потсетува на програмата платформа 1198 и на дел од инфраструктурните проекти за општина Јегуновце.

Проектите во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Јагуновце се следните:

- Реконструкција на патниот правец Желино – Јегуновце до 2028-ма година;

- Реконструкција на патниот правец Лешок – Шемшево до 2028-ма година;

- Реконструкција и изградба на локалниот пат Копанце – Туденце;

- Локален пат од Туденце до Сириќино, реконструкција на пат во Сириќино;

- Реконструкција на локални улици во Јегуновце;

- Доизградба на фекална канализација во Јанчиште и Подбреѓе;

- Изградба на фекална канализација во Ратае;

- Изградба на повеќенаменско спортско игралиште во Старо Село;

- Изградба на регионален пат Рогачево и

- Тампонирање на пристапни патишта во Јанчиште, Подбреѓе, Копанце, Раотинце, Туденце и Прељубиште.

Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, исто така додаде Стојаноска, ветува и 5.000 денари поголеми пензии за сите пензионери уште во првата година, спорт, градинка и учебник за секое дете, дигитален попис на населението во 2026-та, доходовна поддршка за земјоделците и уште многу други проекти кои ни ги предложија граѓаните, ни ги срочија експертите, а ни ги пресметаа и одобрија финансиерите.

Посочи дека идната власт нема да креира закони во затворени канцеларии и истите криминално да ги протнува низ Парламентот, туку ќе креира закони од и за народот, закони кои ќе бидат широко и отворено дебатирани и закони кои ќе добијат заслужен професорски експертски потпис од идната претседателка на Република Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова,се наведува во партиското соопштение.

Уапсен е легендарниот француски актер Жерар Депардје

Францускиот актер Жерар Депардје утрово е приведен во полиција, за да биде сослушан во врска со наводите за сексуален напад врз две жени.

Тој е одведен во полициска станица во Париз каде е сослушан. Две жени го обвинија актерот за сексуална злоупотреба.

Едната го обвинува дека непримерно ја допирал во 2014 година на сетот на „Магионичарот и гледачот“, а другата во 2021 година на снимањето на „Зелените очи“ на Жан Бекер.

Депардје ги оспорува фактите за кои е обвинет.

Првата жалителка, филмски декоратор, раскажала сè за настаните што се случиле во септември 2021 година. Во тоа време, Жерар учествувал на снимањето на Les Volets vertes на Жан Бекер.

- Еден ден, додека седел во ходникот, ја фатил оштетената за нозете и ја закачил меѓу своите бутови - рекла таа. Ја допирал по половината, градите и задникот и ѝ ги кажувал следните зборови според нејзината изјава: „Ќе ти го закачам мојот голем чадор во пи**ата“.

притисни ентер