Осудените лица од затвор Куманово изработија урбана опрема што ќе биде поставена на повеќе локации во градот

Осудените лица во затворот Куманово во Кшање изработија урбана опрема што ќе биде поставена на повеќе локации во Куманово, соопштија денеска надлежните од установата.

Осудените лица преку редовната програма за ресоцијализација изработија куќички за птици, за кучиња, клупи, маси, бетонски саксии, фонатана. Урбаната опрема ќе биде поставена во паркови, на зелено-цветни површини и сообраќајници на повеќе локации во градот, камената фонтана е поставена во Соколански парк.

–Во редовните програми за ресоцијализација на осудените лица спаѓа и нивното работно ангажирање, во и надвор од институцијата, согласно законските одредби. Како дел од таа работна ангажираност се сметаат нивните секојдневни работни обврски што ги имаат во установата, но и нивната доброволна вклученост во проектите што ги имаме договорено за соработка со други државни институции. Во последно време сме многу активни на тоа поле, а мора да се признае и доста креативни, изјави директорот на затвор Куманово, Марјан Спасовски.

Установата претходно склучи меморандуми за соработка со повеќе институции, општина Куманово, ЈП „Чистота и Зеленило", НУЦК „Трајко Прокопиев", така што опремата што ја изработуваат осудените лица се поставува на локации што претходно се одобрени. Мини библиотеката е поставена пред центарот за култура, а целта е да се привлече вниманието на граѓаните, вели Спасовски и да се поттикне читањето и размената на книги.

–Овие активности се спроведуваат заради подобро ресоцијализирање, а воедно и поквалитетно искористување на слободното време на осудените лица. Воедно, сакаме да дадеме наш придонес во оплеменување на градот, а се е со цел осудените лица на некој начин да му се оддолжат на општеството. Ова не е првпат да реализираме вакви активности, а секако дека ќе продолжиме и во наредниот период. Отворени сме за соработка за сите кои сакаат да соработуваат со нас, во рамки на законските можности, додава Спасовски.

Наредната година, појаснува посебен акцент ќе се стави на образовниот процес на осудените лица.

-Во преговори сме со МОН И УНДП да продолжиме со проектите за шестмесечни обуки на осудените лица, бидејќи сметаме дека образованието е клучен сегмент во ресоцијализацијата, информира Спасовски.

Проектот со Министерството и со УНДП и претходно се спроведуваше и низ обуките поминаа поголем број осудени лица кои се стекнаа со сертификати за пекарство, браварство и аргон заварувачи.

– Дел од нив и по завршување на казната затвор успешно продолжуваат во таа насока и навистина се успешни во тоа што го работат, вели Спасовски.

Осудените лица во затвор Кшање досега проследија и неколку театарски претстави, а имаа можност да присуствуваат и на поетско читање, на спортски турнири.

–Во неколку наврати имаме праќано и екипи да помагаат во расчистување на градските гробишта во Куманово, вели Спасовски.

Тој најави дека ќе продолжи соработката со овие и со други заинтересирани институции.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер