Остатоци од илјадници фетуси најдени во куќа на гинеколог (ВИДЕО)

Во куќата на неодамна починатиот американски гинеколог, Улрих Клопер биле најдени фетуси од над 2 000 бебиња , а докторот бил познат и по тоа што вршел абортуси и и на 10 годишни девојчиња.

Остатоци од над 2 000 фетуси биле најдени во куќата на доктор од Илиноис по неговата смрт, јавува полицијата. Семејството се шокирало , кога по неговата смрт на 3. септември влегле во куќата и наишле на фетусите.

Д-р Клофер имал клиника во Јужен Бенд, Индијана, која била затворена бидејќи му била одземена лекарската лиценца во 2016 година. Тој беше обвинет поради непријавување на надлежните органи спонтан абортус што го извршил кај 13-годишно девојче.

Лекарот рече дека не изгубил ниту една пациентка за 43 години од кога извршувал абортуси.

,,Жените забремениле, мажите не“, рече д-р. Клофер на судската расправа, според „Њујорк Тајмс“. „Мора да ја почитуваме одлуката која жените сметаат дека е најдобра за нив. Не е моја работа да кажам на никого. Ниту да судам“, рече тој.

Властите открија остатоци од вкупно 2246 фетуси , кои се земени од патолог, а истрагата е во тек.

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори

Демократски сојуз на сите полицајци и припадници на службите за безбедност, им го честита 7 Мај, ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА и им посакува успешно извршување на сложените безбедносни задачи.

Празникот се совпаѓа и со изборите за претседател на државата и за пратеници, каде за жал, улогата на полицијата е клучна за обезбедување стабилност и услови за мирни и фер избори.

Овие денови се клучни за да спречите нерегуларности, притисоци, купување на гласови, организирање на „Бугарски воз“ или нарушување на изборниот процес на кој било начин (насилство итн).

Инаку полицијата и службите за безбедност извршуваат тешки, одговорни и сложени безбедносни задачи, но последните години се со ниски примања. Така, главен оперативец задолжен за спречување и откривање на тешки кривични дела прима плата од околу 45 илјади денари, а јавен обвинител околу 130 илјади денари.

Затоа предлагаме двојно зголемување на платите и нивно усогласување со платите на обвинителите и судиите.

Честит празник!

Екипата од Туминец повторно најуспешна на велигденскиот фудбалски турнир на Општина Пустец

Фудбалската екипа од село Туминец е победник на годинaшниот турнир одржан во Долна Горица, општина Пустец. Младите фудбалери од Туминец беа подобри во финалето против екипата на Горна Горица.

Фудбалскиот турнир организиран од Општина Пустец, традиционално се одржува по повод големиот празник Христовото воскресение - Велигден, кога Македонците, кои живеат и работат во други земји, главно во соседните, се враќаат во родните села.

На турнирот, што годинава беше посветен на Васил Јанкула, кој почина на трети минатиот месец, учествуваa екипи од сите села на општината.

Градоначалникот Пали Колефски ѝ го врачи пехарот на фудбалската екипа на Туминец, предводена од капитенот Драган Вурмо, која повеќе години по ред е победник на велигденскиот фудбалски турнир.

- Најпрво ви го честитам големиот празник, Христовото Воскресение - Велигден, со желби за здравје и благосостојба. Честитки за победата, а и на сите учесници за фер однесувањето на натпреварите. Моја порака и голема желба, е, да продолжиме со оваа убава традиција, посака Колефски.

Сите екипи, учесници, како и досега, соодветно беа наградени од општината.

Мицковски го посети централниот штаб на Вреди

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го посети централниот штаб на Вреди на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, јавува ТВ21.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во штабот на ВРЕДИ се сретна со еден од лидерите на албанската опозиција, Арбен Таравари.

притисни ентер