Основачот на БиоНтек: Пандемијата ќе трае до средината на 2022 година

Изумителот на првата вакцина одобрена на Запад изјави дека наглото зголемување на инфекциите со ковид-19 во земјите во развој, како што е Индија, поради релативен недостиг на залихи на вакцини, значи дека пандемијата ќе се шири до средината на 2022.

„Поради итноста на ситуацијата, властите треба да размислат за мерки како мешање и совпаѓање на вакцините од различни производители“, изјави основачот на BioNTech, како што објави Wall Street Journal..

„Треба да обезбедиме високи стапки на вакцинација низ целиот свет, во спротивно никој нема да биде безбеден“, рече Угур Сахин, извршен директор на BioNTech, додавајќи дека пандемијата ќе заврши само откако ќе се постигне колективен имунитет низ целиот свет.

"До средината на 2022 година, дури и регионите со висока населеност, како што е Индија, ќе достигнат високи стапки на вакцинација и со тоа имунитет на крдо. Во следните 12 месеци, поради зголемениот производствен капацитет на сегашните производители и создавањето на нови производствени погони, ќе видиме сè поголем број на земји во развој и со ниски примања како постигнуваат колективен имунитет “, рече извршниот директор на BioNTech.

Сахин, кој ја основа компанијата со неговата сопруга Озлем Туречи, рече дека ја прошируваат соработката со повеќе од 30 компании за производство на повеќе вакцини за снабдување на земјите како што е Индија.

Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард

Четири деца на возраст од 13 години се тешко повредени кога за време на игра паднале од покрив на спортска сала во германскиот град Штутгарт, соопшти полицијата.

Полицијата навела дека децата паднале од висина од седум метри од покривот на спортската сала во Ремшалден во Штутгарт и дека со спасувачки хеликоптер биле пренесени во болница, пренесе „Шпигел“.

Полицијата истражува зошто и како се искачиле децата на покривот.

Во спасувачката акција биле вклучени три хеликоптери, две полициски патроли, 40 пожарникари на седум возила и 13 возила на Итна помош.

Арсовска: Мир, спокој, здравје и љубов за сите, честит Велигден

Мир, спокој, здравје и љубов за сите православни христијани, посака денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска од пред Соборниот храм, честитајќи го Христовото воскресение - Велигден.

- Посакувам да се сакаме, да се почитуваме, да имаме обѕир еден кон друг, да бидеме хумани, да бидеме солидарни и да покажуваме грижа еден кон друг, секој еден ден во годината. Нека е за многу години денот и празникот, порача Арсовска.

Ковачевски: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните по повод денешниот ден, 5 мај, Ден на македонскиот јазик.

Во честитката, Ковачевски посочува дека денеска оддаваме почит кон создавачите на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита.

„Денеска кога го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, оддаваме должна почит кон сите создавачи на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита.

Македонскиот јазик денес е дел од нашата лична карта во Обединетите нации. Со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, го издигнавме нашиот јазик на исто рамниште со останатите официјални јазици во Европската Унија, на кабините за превод во ЕУ стои нашиот македонски јазик.

Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет, грижата за негово зачувување и унапредување останува наш приоритет, затоа што влог во јазикот е влог во иднината. Нека ни е честит 5 мај, Денот на македонскиот јазик“, вели во честитката, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

СДСМ

притисни ентер