Османи: Србија се вмеша во референдумот на северот, Косово ги исполни обврските кон ЕУ

Според неа, Србија извршила незаконско мешање во изборниот процес на друга земја.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека Косово им дало можност на граѓаните од општините во северно Косово, населени со мнозинско српско население, да ги сменат актуелните градоначалници и да изберат нови општински челници, меѓутоа властите во Белград ги спречиле во тоа, јави дописникот на МИА од Приштина.

По вчерашниот неуспех, поради ниска излезност, на референдумот за смена на градоначалниците во општините Лепосавиќ, Зубин Поток, Звечан и Северна Митровица, Османи на нејзината страница на Фејсбук напиша дека граѓаните во голема мера не ја искористиле оваа можност поради притисокот од Србија, „егзекутиран од (партијата на косовските Срби) Српска листа и нелегалните криминални структури“ на северот на Косово.

Според неа, Србија извршила незаконско мешање во изборниот процес на друга земја, српскиот претседател, Александар Вучиќ го прекршил ветувањето што им го дал на меѓународните партнери, додека Косово ги исполнило обврските преземени пред Европската унија.

„Косово уште еднаш покажа умереност, организираност и целосно почитување на законите и уставот, нудејќи им на сите заедници, без разлика, можност сами да изберат кој сакаат да ги претставува. Им благодарам на Централната изборна комисија, на нашите безбедносни институции, како и на нашите партнери за нивната работа, посветеност и соработка. Со организацијата на денешниот процес Косово ги исполни сите услови што ги бара ЕУ. Неправедните мерки кон Косово мора веднаш да се отстранат“, напиша таа.

На вчерашното гласање во четирите општини во северно Косово гласаа само 203 од над 46 илјади регистрирани гласачи, по што референдумот се прогласи за неуспешен.

За да биде успешно гласањето, требаше да гласаат најмалку 50 отсто плус еден граѓанин. Доколку се исполнеше овој услов, тогаш ќе се организираа вонредни локални избори во споменатите општини. Со оглед дека учествуваа помалку од 50 отсто, гласањето се смета за неуспешно и не може да се преземе друга иницијатива пред да поминат 12 месеци./МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер