Османи на средба со Могерини во Брисел

Денеска во Брисел, до крајот на неделава и во Берлин и Варшава. Вицепремиерот Османи оптимист за октомвриската одлука на ЕУ.

На агендата на неговата посета на европската престолнина денеска беше и средбата со Федерика Могерини, каде уште еднаш ја потврди подготвеноста на земјава за почеток на преговорите.

Вицепремиерот за евроинтеграции е убеден дека Македонија во јануари следната година кога и почнува хрватското претседателство со ЕУ, ќе го отвори првото поглавје од преговорите.

На средбата со хрватската претставничка во ЕУ Андреја Метелко-Згомбиќ, Османи изразил благодарност за континуираната поддршка на Македонија од страна на Хрватска.

Умерен оптимизам дека Унијата ќе додели датум за почеток на преговори во октомври има и шефот на дипломатијата Никола Димитров, кој во интервју за агенција Европа изјави дека Македонија има многу убедливи аргументи во делот на демократскиот напредок како и договорите со Грција и Бугарија.

Сепак, тој оценува дека недобивањето на датумот за преговори , по 14 години кандидатски статус на земјата, ќе ги зајакне како што вели националистичките сили ,популистите и евроскептиците.

-Нема да биде лесно за мене, како министер, да се вратам дома после октомври и да речам дека ќе одлучуваат идната година, потребно ни е политичко гориво за да продолжиме да одиме напред, вели Димитров.

Во однос на Унгарецот Ласло Трочани , кој е предложен за нов комесар за проширување Димитров напоменува дека земјава има спор со Унгарија околу азилот на екс премиерот Груевски, но вели дека е важно двете земји да соработуваат на заедничките интереси и покрај нивните разлики.

Инаку, во пресрет на октомвриската одлука на ЕУ во посета на Македонија утре доаѓа актуелниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск кој ќе се сретне со премиерот Заев.

Мандатот на Туск истекува на 1 декември, а ќе го замени белгискиот премиер Шарл Мишел.

Мишустин го предложи составот на новата руска влада, главните ресори се обврска на Путин

Новоизбраниот руски премиер Михаил Мишустин денеска до Државната дума поднесе предлог за кандидати за министри во неговата влада, со исклучок на министрите од секторот за безбедност и надворешни работи.

Според указот потпишан од рускиот претседател Владимир Путин, Мишустин ќе има десет заменици, од кои еден прв вицепремиер, еден вицепремиер - овластен претставник на претседателот на државата во Далечниот источен федерален округ и еден вицепремиер, односно претседателот на Кабинетот на министри, пренесува ТАСС.

Мишустин предложи да се назначи Денис Мантуров, кој беше вицепремиер и министер за индустрија, за прв вицепремиер.

Виталиј Савелиев, актуелен министер за транспорт и Дмитриј Патрушев, актуелен министер за земјоделство, можат да станат вицепремиери.

Тој го предложи Роман Старовојт, гувернер на областа Курск, да го замени Виталиј Савељев во Министерството за транспорт, а неговиот прв заменик Оксана Лут да го замени Дмитриј Патрушев во Министерството за земјоделство.

Гувернерот на Калининградската област Антон Алиханов би можел да стане министер за индустрија, гувернерот на Кемеровската област Сергеј Цивилев е предложен за министер за енергетика, а гувернерот на територијата Хабаровск, Михаил Дегтјарев би можел да раководи со Министерство за спорт.

По инаугурацијата на претседателот на Руската Федерација, за прв пат ќе се формира Влада според новите правила утврдени со измените на Уставот на Руската Федерација од 2020 година.

Тој акт предвидува посебна процедура за именување министри од безбедносните ресори - МВР, Министерството за вонредни ситуации, Министерството за одбрана и Министерството за правда и Министерството за надворешни работи, предложено од претседателот на Русија, по консултации со Горниот дом на парламентот - Советот на Федерацијата.

Изгоре огромен трговски центар во Варшава со 1.400 продавници (ВИДЕО)

Пожар избувна утрово во голем трговски центар со 1.400 продавници во Варшава.

Противпожарната служба соопшти дека повеќе од 80 отсто од зградата е зафатена во пламен.

Црн чад може да се види во околината на снимката што ја емитува приватната телевизија Те Фау Ен 24.

Властите испратија СМС пораки за да ги предупредат жителите на полскиот главен град да останат во затворени простории со затворени прозорци.

Портпаролот на полицијата за полските медиуми изјави дека нема извештаи за повредени.

Трговските центри и големите продавници обично се затворени во недела поради забраната што ја воведе претходната влада.

Овие продажни места смеат да се отвораат само неколку недели годишно за да можат луѓето да купуваат за Божиќ, Велигден и други празници.

Зошто играчите на Милан на дресовите го носеа моминските презимиња на нивните мајки?

Милан го декласираше Каљари со 5:1 на Сан Сиро во 36. коло од Серија А.

Двоен стрелец за избраниците на тренерот Стефано Пиоли беше Кристијан Пулишиќ, кој погоди во 59. и 86. минута, додека Исмаел Бенасер во 35. Тијани додаде по еден Рајндерс во 74 и Рафаел Леао во 83 минута.

На две кола пред крајот на италијанското првенство, Милан има 74 бодови и го обезбеди второто место, со оглед на тоа што третопласираната Болоња заостанува седум бода. Натпреварот помеѓу Милан и Каљари немаше особено важен резултат, но привлече внимание поради акцијата што ја изведоа фудбалерите на Пиоли.

Денеска е денот на мајката, 12 мај, а Милан го одбележа со тоа што играчите на дресовите наместо името и презимето ги носеа моминските презимиња на нивните мајки.

Целта на иницијативата беше да се подигне свеста за правото на личен идентитет, што произлегува од пресудата на италијанскиот Уставен суд од април 2022 година, кој одлучи дека автоматското доделување на презимето на таткото е дискриминаторски. Од 1 јуни истата година и двајцата родители на детето мора да имаат право на избор на презиме.

„Играњето со презимињата на нашите мајки на дресовите е посебен начин да им оддадеме почит на неверојатните жени кои нè обликуваа и нè поддржуваа во текот на нашите животи. Тоа е важен гест што ја нагласува важноста на семејството и врски кои нè поттикнуваат и нè издигнуваат на теренот и надвор од него. Горд сум што ја претставувам мајка ми на овој уникатен и искрен начин“, рече Пулишиќ.

притисни ентер