Оскаровец Крис Менџис добитник на „Златна Камера 300“ за животно дело

Директорката на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“-Битола, Лабина Митевска соопшти дека годинешен добитник на наградата „Златна Камера 300“ за животно дело е Крис Менџис од Англија.

- Менџис е добитник на два Оскари и наградата БАФТА. Човек кој во своето портфолио има 50-на врвни филмски наслови работени со големи режисерски имиња меѓу кои Стевен Фирс, Нил Џордан, Андреј Кончаловски и други, два дена ќе престојува на најстариот фестивал на директори на фотографија „Браќа Манаки“, посочи Митевска на денешната прес конференција во Битола.

Крис Менџис во Битола доаѓа на 12 септември. Во својата кариера работел со светски познатите актери Џек Николсон, Роберт Дениро, Кејт Винслент и уште многу, многу филмски ѕвезди. Добитник е на два оскари, за филмовите „Полиња на смртта“ во 1984-та и филмот „Мисија“ во 1986 година кои претставуваат ремек дела на светската кинематографија. Заради преголемите обврски, лауреатот Менџис во Македонија ќе престојува само неколку денови, односно до 18 септември, потврди Митевска.

Најновото 35-то издание на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе се одвива под мотото „Кон ѕвездите“ и ќе го задржи ланскиот програмски концепт за чија севкупна реализација ќе бидат вложени околу 250.000 евра, додека пак општина Битола како поддржувач на фестивалот ќе помогне со околу 5 милиони денари.

- Фестивалот е со високо реноме и е посветен на луѓето што се наоѓаат зад чудото наречено филмска камера. Магијата е во кадарот и таа магија е пренесена на овој фестивал и затоа ние како граѓани на Битола сме упорни да го задржиме фестивалот на највисоко ниво, доживувајќи го како голем празник на уметничкото славење, истакна битолскиот градоначалник Владимир Талески.

На денешната прес-конференција беше посочено дека од оваа година меѓународната Конференција на кинематограферите која се организира со Европската асоцијација на кинематографери ИМАГО ќе биде традиционална и ќе се одржува на ИФФК „Браќа Манаки“. /МИА

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер