ОРМ: Штетите врз бизнисот ќе бидат уште поголеми доколку ситуацијата со ковид-19 наскоро не се подобри

40 илјади работни места висат на конец поради Корона кризатапокажува анкетата на Организацијата на работодавачи.

Анкетата покажала дека кризата удрила на над 80% од фирмите. Услужните дејности, транспортот, малопродажбата, преработувачката индустрија, градежништвото.. се меѓу 9те најпогодени сектори. Од нив, досега 43% микро и мали фирми пријавиле пад на приходите за повеќе од половина, додека 11% привремено прекинале со работа.

Претседателот Ангел Димитров за Канал 5 вели дека ако ваквата ситуација продолжи и наредните месеци, дури половина од компаниите нема да преживеат.

„Ако кризата продолжи и јуни, јули и август, значи до септември, тогаш навистина овие компании со право се плашат за нивната судбина, тоес да не дојде до стечај и ликвидација. Тогаш проблемите би биле многу поголеми, затоа јас давам поддршка на овие мерки кои се дадоа последните мерки од КЗБ, бидејќи очигледно дека нашите граѓани не се придржуваат целосно до препораките,“изјави Ангел Димитров, Организација на работодавачи.

Да не дојде до затворање на фирмите и отпуштање работници, работодавачите бараат –дополнителни даночни ослободувања како и тоа финансиската помош која ја дава Владата да продолжи и наредните месеци.

„Нашите компании изјавиле дека се задоволни со тоа што Владата навреме ги презема мерките и со видот и обемот на мерките, но не се задоволни со износот на средствата кои беа издвоени, овде се мисли особено на оние безкаматни кредити и помош за одржување на ликвидноста и бараат продолжување на мерките за уште некој месец, се разбира тие велат 6 месеци, но тоа најмногу зависи кога ќе престанат проблемите со Корона вирусот.“изјави Ангел Димитров, Организација на работодавачи.

Пред извесен период со слични барања излезе и ССК. Од Владата ја оставија отворена можноста за дополнителна помош кон фирмите, но засега нема најава дали и кога тоа би се реализирало.

9 најпогодени сектори:

-услужни дејности -малопродажба -преработувачка индустрија -транспорт -градежништво -производство на прехранбени производи

43% пријавиле пад на приходите половина или повеќе

11% привремено прекинале со работа

70% бараат државната помош да продолжи наредни 6 месеци

Баер закажа прослава за 26 мај

Германскиот фудбалски шампион Баер Леверкузен заедно со навивачите на 26 мај ќе ја прослави својата историска сезона, објави денеска клубот.

Настанот ќе се одржи ден по финалето на Купот на Германија во кое Баер ќе игра за трофејот против второлигашот Кајзерслаутерн во Берлин. Тимот на Чаби Алонсо би можел да биде и во финалето на Лига Европа на 22 мај во Даблин.

Баер веќе ја обезбеди шампионската титула во Германија и во серија е од 48 натпревари без пораз од стартот на сезоната.

За шампионската забава на стадионот ќе бидат достапни околу 40.000 бесплатни билети, соопшти Баер Леверкузен.

Фото: Северина во секси издание

Балканската музичка ѕвезда Северина одржа концерт на познатата плажа Зрче.

По концертот мегапопуларната пејачка на Инстаграм на воодушевување на следбениците објави неколку фотографии од својот стајлинг.

Познатата пејачка блесна во краток зелен фустан, кој ги истакна сите нејзини атрибути со секси шлицови.

Заедно со објавената фотографија, Северина остави и симболична порака која ја заинтригира јавноста.

-Што се случува во Зрче, останува во Зрче“, напиша Северина на Инстаграм.

Голманот на Баер Леверкузен постави нов рекорд во Бундеслигата

 Чуварот на мрежата на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки, стана првиот странски голман во историјата на Бундеслигата кој одиграл 292 натпревари.

Триесетичетиригодишниот фински голман настапи изминатиот викенд во победата на Леверкузен од 5-1 против неговиот поранешен клуб Ајнтрахт Франкфурт, соборувајќи го рекордот што претходно беше во сопственост на голманот на Борусија Менхенгладбах и на Баерн Минхен, Швајцарецот Јан Сомер (291 настапи).

„Сакам да ги читам весниците и извештаите од натпреварите и таму ја прочитав информацијата. Ме исполнува со гордост и чест што можам да играм во таква прекрасна земја и лига и за два фантастични клубови“, изјави Храдецки за телевизискиот оператор ДАЗН.

Храдецки му се приклучи на Ајнтрахт во 2015 година и забележа 101 настапи за клубот од Франкфурт пред да се пресели во Леверкузен во 2018 година. Неделниот натпревар беше негов 191. лигашки настап за новиот германски шампион.

Баер Леверкузен е во рекордна серија од 48 натпревари без пораз во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.

притисни ентер