Орбан ја загуби Будимпешта на локалните избори во Унгарија

Изненадувачки резултати на локалните избори во Унгарија. Опозицијата по цели десет години успеа да и нанесе пораз на владејачката пратија Фидес.

Опозицијата однесе победа во 4 од најголемите 5 градови во Унгарија, вклучително и Будимпешта.

Во битката за главниот град, кандидатот на прв пат обединетата опозиција, Гергели Карашони кој освои 51 процент од гласовите успеа да го порази кандидатот на Фидес, Иштван Тарлош кој доби 44 проценти од гласовите... Тарлош беше на чело на Будимпешта скоро 10 години.

Карашони победата ја карактеризираше како историска, велејќи дека Будимпешта ќе биде модернизирана и дека ова е огромен чекор кон менувањето на Унгарија и нејзиното автократско уредување.

Власта победи во најголем дел од помалите градови во Унгарија, а во нивни раце остана и вториот најголем град Дебрецин.

Орбан најави соработка со новите градоначалници од опозицијата, но посочи дека овие резултати нема да ја разнишаат владејачката позиција.

Инаку, интересно е што на овие избори право на глас имаше и екс премиерот на Македонија, Никола Груевски, кој од ноември лани се наоѓа во Будимпешта. Унгарскиот веб портал 24 објави дека тој бил на избирачкиот список во Петтиот дистрикт, но без адреса. На фејсбук профилот на Груевски, кој често објавува статуси, нема информација дали го искористил правото да гласа.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер