Оптимизам околу преговорите за новиот Закон за јавно обвинителство

Иако не е формален услов, единствената домашна задача што се споменува како релеватна за одлуката за добивање на датум за преговори е донесувањето на нов Закон за јавно обвинителство.. 

Законот за јавно обвинителство повторно ќе се стави на маса пред правните тимови од власта и опозицијата. По последната порака од еврокомесарот Вархеји дека законот за ЈО треба да се стави највисоко на приоритетната листа во пресрет на мајскиот Самит, оптимизам за позитивен исход од преговорите постои. Претседателот на СДСМ очекува поддршка од опозицијата, но доколку ја нема, надеж за да стигне до двотретинското мнозинство најмногу гледа во осуммината пратеници кои гласаа за уставните измени.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека шанси за договор до распуштањето на Собранието има, доколку власта има слух за нивните аргументи... Нјаголемите забелешки на опозициската партија се однесуваат на предлогот сите обвнители од СЈО да се префрлат во обвинителството на Вилма Русковска.

се додека нема меѓупартиски договор, спикерот Талат Џафери нема да го стави предлог законот во собраниска процедура.

Од министерството за правда велат дека во собраниска процедура е втората верзија од законот, но таа ќе биде повлечена по многуте амандамни од ВМРО-ДПМНЕ, а новиот трет предлог ќе биде доставен откако ќе се постигне договор.. клучните точки во него се дека Обвинителството за организиран криминал ќе ги преземе надлежностите на СЈО, обвинителите ќе продолжат да ги водат предметите, а 30 дена по гласањето на законот ќе добијат можност да се вработат во обвнителството кај Русковска.

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот

Фудбалерот на Барселона, Роберт Левандовски ги пофали квалитетите на Килијан Мбапе.

- Ако го споредите Килијан со други играчи, разбирате дека тој зборува различен јазик. Јасно им дава до знаење на младите играчи дека фудбалот не е единственото нешто што е важно. Тој е и пример за личност, покажувајќи дека не е важно само фудбалскиот терен, туку и она што е во вашата глава. Многу паметен човек кој има многу јасна идеја за тоа што сака да прави и како сака да го прави тоа. Патот по кој оди е јасен. Тој е паметен не само како играч, туку и како личност. Го почувствував тоа кога првпат го видов пред неколку години. Ми остави впечаток. Можете да зборувате за многу нешта со Килијан, изјави полскиот фудбалски ветеран.

Мбапе е член за Пари Сен-Жермен, капитен на француската фудбалска репрезентација и важи за еден од најдобрите фудбалери на светот.

По крајот на сезоната извесно е дека Мбапе ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

Последна претседателска дебата – вечерва по централните вести на Канал 5

Попладнево во Канал 5 се снимаше последната дебата на кандидатите за претседател.

Соочувањето ќе се емитува веднаш по централните вести во 18.30, а самата дебата е поделена на два дела.

Практично на само некоколку часови пред молкот, Канал 5 е местото каде што Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе ги соочат аргументите и ќе ги испратат последните пораки до граѓаните.

Арсовска: Најголем дел од медиумите не ни дадоа можност да ја претставиме нашата програма

Носителката на листата на Нова Алтернатива за изборна единица 1 Данела Арсовска, денеска на прес конференција кажа дека нивната партија освен на две национални телевизии нема можност на друго место да ја презентира својата програма.

притисни ентер