Општина Дебар со апел до граѓаните строго да ги почитуваат препораките и правилата на однесување

Општина Дебар до граѓаните упати апел и понатаму да бидат примерни во почитувањето на препораките за заштита и правилата при престој во кафулиња, ресторани и други објекти.

Ова како што се наведува во апелот поради бројките на новозаразени со Ковид-19 во нашата земја, кои се разочарувачки, но и појавата на непочитување на препораките од дел од граѓаните.

-Ги замолуваме граѓаните на општина Дебар строго да ги почитуваат правилата кога се движат низ градот и нивниот престој во кафулиња и ресторани слично. Во нашата општина на 8 и 9 јуни ќе се спроведе тестирање на вработените во предучилишната установа и се надеваме дека ќе немаме позитивни случаи. Но, се е можно, бидејќи во градот започна негрижа и непочитување на мерки за заштита Ковид-19, стои во апелот на општината.

Во исто време се апелира до граѓаните, сопствениците на кафулиња, ресторани, такси возила, редовно според протоколот, да ги дезинфицираат, да се грижат за превентивните мерки затоа што „вирусот е се уште присутен и активен и особено опасност претставува вирусот увезен од други градови каде имаме информации дека број на заразените и мртвите е во пораст".

-Посакуваме во Дебар да нема позитивни случаи со Ковид-19, но се е можно. Затоа бидете внимателни и совесни, завршува апелот на општина Дебар.

Во оваа општина,која беше прво жариште на Ковид-19 во државава, токму поради совесноста на жителите, кои строго ги почитуваа мерките и препораките на надлежните, заклучно со вчерашниот ден, 46 дена нема новозаразени со овој опасен вирус./МИА

„Божја правда“ – Иранците во егзил масовно ја слават смртта на претседателот Раиси (ВИДЕО)

Иранците кои живеат во егзил продолжија да ја слават смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси на денот на неговиот погреб.

Меѓу нив, како што пренесува „Дејли мејл“, се и ќерките на жената која беше егзекутирана со 167 куршуми.

Раиси (63) загина во неделата кога се урна хеликоптерот што го носеше со министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и уште седум други лица. Тој ќе биде погребан денеска. Врховниот верски водач Али Хамнеи прогласи петдневна национална жалост, но иранските граѓани кои живеат во странство на социјалните мрежи се пофалија дека го слават и посакуваат „Среќен ден на хеликоптерот“, алудирајќи на несреќата и смртта на претседателот.

Меѓу нив се и ќерките на Иранката Мина Маџиди (62), која беше погубена со 167 куршуми кога безбедносните служби отворија оган врз учесниците на протестот поради смртта на Махса Амини, курдската девојка која почина три дена откако беше претепана од „полицијата на моралот“ затоа што во метро не ја носела задолжителната прекривка за глава.

„Ако не излезам да протестирам, кои ќе бидат последните зборови на една храбра Иранка?

Нејзината ќерка Махса Пиреи на социјалните мрежи објави видео од нејзиното наздравување.

„Денес нашата тага се претвори во среќа, иако тоа не е доволно, тоа е добар почеток“, изјави Махса Пираери.

Втората ќерка Роја Пиреи недалеку од гробот на нејзината мајка се фотографирала со кратка коса, што е знак на жалост и пркос, бидејќи за време на масовните протести во 2022 година, Иранките ширум светот масовно ја потстрижувале косата во знак на поддршка на претепаната курдска девојка.

"Знаев дека нема да можам да зборувам. Ова е сѐ што можам да направам за да покажам колку е суров овој систем", изјави Роја.

Уште две Иранки, Мерседех Шахинкар и Сима Морадбеиги имаа причина за славење. Мерседех беше заслепена од припадниците на безбедносните сили за време на протестот во 2022 година, додека Сима ја загуби работата за време на полициска интервенција.

На TikTok е објавено и видео снимено пред амбасадата на Исламската Република Иран во Копенхаген, на кое се гледаат насобраните Иранци како танцуваат, пијат пиво и веат стари ирански знамиња со лав во центарот.

„Иранците во Копенхаген, Данска, ја слават смртта на Ебрахим Раиси пред амбасадата на тиранскиот режим. Денот на хеликоптерот ќе стане Недела на хеликоптери“, се вели во видеото.

Слично е и пред иранската амбасада во Лондон. Музика свири, луѓето танцуваат на улица и веат стари ирански, британски и израелски знамиња.

Аријана Банди, готвачка која живее во САД, објави видео со наслов Карма, додека иранско-канадската актерка Шива Негар рече: „Збогум касапу од Техеран, нема да ни недостасуваш“.

Сепак, не секој имал причина да биде среќен:

„Раиси е мртов. Тој никогаш нема да одговара за законот што е во сила речиси четири децении и кршењето на човековите права, вклучително и егзекуцијата на илјадници политички затвореници во текот на 80-тите години, кои беа закопани во необележани гробови. Таму нема да има минута молчење за Раиси“, се вели во соопштението на Колективот на иранската дијаспора.

Полицајците не можеле да поверуваат- криминалец се скрил во машина за сушење алишта

Дејвид Џером Џексон (31) бил во бегство од законот два месеци пред да биде уапсен во градот Пенсакола, Флорида.

Властите го барале за тежок напад, материјална штета и поседување огнено оружје, пренесува Fox News.

Канцеларијата на шерифот на округот Ескамбија добила дојава дека Џексон се крие во дом во Пенсакола и дека му била доставена наредба за иселување.

За краток период била организирана акција, а по претрес во просториите, бегалецот бил пронајден во машината за сушење алишта!

„Полека го извлековме, додека се бореше да остане во своето скривалиште. Во машината имало три чаршафи, чорапи, стуткана кошула и шамивче“, велат полицајците.

Џексон е уапсен и пренесен во окружниот затвор, каде што ќе чека покана од суд.

Анкета: Поддршката за Бајден паднала за најниско ниво во последните две години

Поддршката за американскиот претседател Џо Бајден паднала на најниско ниво во речиси две години, што одговара на најнискиот процент од неговиот мандат, покажала денешната анкета на Ројтерс-Ипсос.

Истражувањето покажало дека само 36 отсто од Американците го одобруваат настапот на Бајден, што е намалување од 38 отсто во април, објави Ројтерс.

Ова е враќање на најниското ниво на поддршка за демократскиот претседател во јули 2022 година, половина година пред Бајден да се соочи со републиканскиот кандидат Доналд Трамп на изборите на 5 ноември.

Поранешниот претседател Трамп има мала предност пред актуелниот претседател во клучните држави за кои се верува дека ќе го одредат победникот.

Друга анкета на Ројтерс и Ипсос, исто така, покажа дека многу демократи не се согласуваат со одговорот на Бајден на израелската офанзива на Појасот Газа, што дополнително ги загрозува неговите изгледи на ноемвриските избори.

притисни ентер