Опозицискиот ,,Сојуз за Србија“ тргна да го ,,руши“ Вучиќ

Од левичари, преку социјалдемократи до десничари, 10-ина партии здружени во опозицискиот блок Сојуз за Србија, тројца истакнати лидери со различна идеолошка ориентација, но со иста цел – да се собори Александар Вучиќ. 

Меѓу нив, и човекот, кој од пред два дена се профилираше во лидер на антивладините протести. Бошко Обрадовиќ, 42-годишник, со скромен политички багаж, кој преку десничарското движење Двери, во последниве неколку години успева да се промовира како еден од најактивните српски националисти, евроскептици и антиглобалисти. Вниманието го привлекува пред две години со контроверзниот говор во Собранието против ЛГБТ популацијата.

-Цветаат геј барови, цветаат паради по цела Србија, имате се, влеговте во законите. Имате геј премиер, луѓе! Што сакате повеќе од овој народ? Зарем треба сите да ви го свртиме задникот? , зборуваше Бошко Обрадовиќ во 2017 година.

Три месеци беше дел од протестот „Еден од пет милиона“, но ретко се фаќаше за микрофонот поради префиксот граѓански демонстрации, се до упадот во РТС. Станува пратеник во 2016-та, кога по два неуспешни обиди, со движењето Двери освојува седум пратеника. Беше посочуван за низа физички пресметки, како оној, кога со маус го нападна претседателот на административниот собраниски одбор, кој му изрече парична казна.

-Зарем не гледате дека три пратеници се јавија за збор. Што глумиш? , велеше Обрадовиќ.

Синоќа српскиот претседател Вучиќ во интервју на Пинк уште еднаш порача дека нема намера да седне на иста маса со никој од водачите на протестите.

-Како да прифатам Бошко Обрадовиќ да го нарекувам поинаку, освен фашистички ллидер, кога тоа е. Тој е кум на Ѓилас. Се се тепачишта, но најмногу сакаат жени да тепаат, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија

Покрај Обрадовиќ, лидерската тројка ја заокружуваат и поранешниот шеф на дипломатијата и претседател на генералното Собрание на Обединетите Нации, Вук Јеремиќ и екс градоначалникот на Белград, Драган Ѓилас, бизнисмен и поранешен потпретседател на Демократската партија. На протестите во претходните два дена се уапсени 18 лица, од кои шестмина се експресно осудени на затворска казна од 30 дена.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер