OpenAI му даде отказ на извршиот директор Сем Алтман

По разгледување на ситуацијата бордот заклучил дека Алтман преземал неутврдени активности што „ја спречувале неговата можност да ги извршува своите одговорности“, се наведува во соопштение од синоќа.  

Технолошката компанија OpenAI без предупредување му даде отказ на соосновачот Сем Алтман од функцијата извршен директор под изговор дека тој не бил „постојано искрен во неговите комуникации“, по серија судири за управувањето на компанијата меѓу некои членови на бордот на директори.

По разгледување на ситуацијата бордот заклучил дека Алтман преземал неутврдени активности што „ја спречувале неговата можност да ги извршува своите одговорности“, се наведува во соопштение од синоќа.

-Бордот нема повеќе доверба во неговите можности да продолжи да го води OрenAI.

Oваа компанија лани во ноември ја лансираше ЧатЏи-Пи-Ти, програмата заснована на вештачка интелигенција која може да спроведува комплексни задачи како правење, видео, музика или текст што не се разликуваат од оние создадени од човек. Ова донесе потрес во многу индустрии за опасноста од моќта на вештачката интелигенција и нејзината контрола. Регулаторите на Запад започнаа да размислуваат за контрола и законски решениај за апликациите на оваа програма

Во соопштние на Х (поранешен Твитер) доцна синоќа, Грег Брокман, претседател на OpenAI и уште еден соосновач, изјави дека Алтма бил „шокиран и тажен од тоа што бордот го стори денеска“.

-Ние исто така се обидуваме да дознаеме што се случило, напиша тој. Брокман си даде оставке веднаш откако OpenAI го најави замнувањето на Алтман.

Според Алтман, се работи за борба за власт меѓу некои членови на бордот, вклучувајќи го избршниот научен раководител на компанијата и негов пријател и соосновач, Илја Сутскевер, за прашања како балансот меѓу брзината и безбедноста.

Волстрит журнал цитира сегашни и поранешни вработени во OpenAI според кои Сутскевер сѐ повеќе искажувал загриженост за долгорочната безбедност на производите на OpenAI и дека создавал тим за истражување на начините како системите на иднината можат да бидат „порамнети“ со човечките вредности.

Промените во компанијата ја шокираа технолошката заедница и се изненадувачки развој за човекот кој стана главно лице на бумот на генеративната вештачка интелигенција.

Ова беше изненадување и за Мајкрософт која инвестираше 13 милијарди долари во OpenAI за удел од 49 отсто. Мајкросфт дознал за отпуштањето на Алтман после објавата за тоа.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер