OPEL ПРОСЛАВУВА 20 ГОДИНИ НА КОРИСТЕЊЕ СЕДИШТА СО СЕРТИФИКАТ AGR

Opel оваа година ја одбележува 20-годишнината од воведувањето на здрави седишта сертифицирани од AGR

• Пионир: Opel ги демократизира седиштата погодни за грбот во различни сегменти на пазарот

• AGR премиера: Signum 2003 беше првиот Opel со ергономски сертифицирани седишта

• Повеќе од само седишта: Целокупниот концепт на возилото Meriva доби AGR печат

• Широк избор: седишта со AGR сертификат за сегашните Opel Astra, Crossland и Grandland

• За тоа спортско чувство: AGR седишта со екслкузивни перформанси за моделите Opel GSe

Opel оваа година ја одбележува 20-годишнината од воведувањето на здрави седишта сертифицирани од AGR (Aktion Gesunder Rücken e.V. – независно германско здружение кое промовира истражување поврзано со превенција од болки во грбот).

Последната генерација на AGR седишта е достапна кај новите Grandland GSe, Astra GSe и Astra Sports Tourer GSe. Но, почетокот беше направен пред точно две децении кај Opel Signum, кој беше првиот автомобил кај кој се понудија AGR седишта во сегментот со средна големина.

Седиштата ја формираат врската помеѓу луѓето и возилото. Тие се клучни за удобно, опуштено патување. Затоа Opel придава големо значење тие да обезбедуваат оптимална удобност и поддршка за 'рбетот, особено при подолги патувања. „Возачите и патниците не доаѓаат во контакт со ниту една друга компонента во автомобилот толку интензивно како со седиштето. Нашата цел како производител на автомобили е нашите клиенти да не мораат да размислуваат за седиштето дури и на подолги патувања, бидејќи тоа овозможува удобност и исто така го спречува ризикот од болки во грбот на долг временски период“, изјави Stefan Koob, одговорен за развојот на конструкцијата на седишта.

Ергономијата во автомобилот е повеќе од само фактор за добро чувство. Ергономијата вклучува и безбедност. Релаксираното седиште за грб го спречува заморот за време на патувањето; и во случај на незгода, патникот на седиштето има шанса за позитивен исход пред сè ако седиштето успее да го одржи во позиција. Само тогаш безбедносните појаси и воздушните перничиња можат целосно да ја обезбедат нивната заштита.

Opel Signum 2003: Првиот Opel со AGR ергономски седишта

„Во Opel отсекогаш ја стававме на прво место демократизацијата на удобноста на седиштата. Тоа значи дека секој има право на добро место во автомобилот“, објасни Koob. Уште во 2003 година, ергономските седишта кај Opel Signum поставија нов стандард во автомобилската индустрија. Потоа, здравите седишта беа поставени низ поголем дел од палетата на модели на Opel. Возачите на долги патеки и службени автомобили беа особено благодарни; благодарение на бројните функции за подесување, ергономските седишта со AGR сертификат може да се прилагодат оптимално за секој возач, така што тој или таа го завршува патувањето одморен.

Неколку години подоцна следуваше уште една премиера. Во 2010 година, флексибилното комерцијално возило Opel Meriva беше првото возило што доби печат AGR. Интегралниот ергономски систем кај Meriva ги сочинуваше ергономските седишта, вратите на FlexDoors кои се отвораа во спротивни насоки, променливиот концепт на задни седишта FlexSpace и носачот за велосипеди FlexFix.

За сите облици и големини: Широк избор на различни седишта со сертификат AGR

Opel денес нуди различни AGR седишта со избор на удобност или повеќе спортски ориентирани контури во Astra, Crossland и Grandland. За да им овозможат на возачот и совозачот да заземат удобна и пријатна положба за седење на секое патување, AGR седиштата овозможуваат 10 прилагодувања за возачот и шест за совозачот. Без оглед на контурата на седиштето, мноштвото прилагодливи параметри – повеќето електрично управувани на возачкото седиште - вклучуваат лизгање, висина, навалување, навалување на потпирачот за грб, потпора за бутовите, лумбална потпора и навалување на седиштата, како и функција за греење кога времето е студено.

Врв во палетата: Перформанс седишта кај Grandland GSe и Astra GSe

Новите перформанс седишта за GSe го претставуваат најновиот развој на технологијата за здрави седишта од Opel. Овложени во црна Alcantara, стилските предни седишта кај Grandland GSe, Astra GSe и Astra Sports Tourer GSe имаат особено високи горни крила. Уникатната конструкција на седиштата кај моделите Astra GSe се одликува со целосно интегрирани потпирачи за глава. Друг впечатлив детаљ е препознатливата сива лента електро-заварена на потпирачот за грб.

Исто така уникатен за GSe е зашиената шема на основата на потпирачот за грб и на делот за седење на седиштето, додека непогрешливото жолто-црно лого GSe е украс на наслонот на седиштето.

Удобноста на AGR возачките седишта може дополнително да се подобри – во зависност од верзијата на моделот – со функција за вентилација. Дополнително, функцијата за меморија е особено корисна при споделување на возењето при возење на долги релации.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер