Онур и Шехерезада чекаат бебе , таа го покажа стомакот (ФОТО)

Актерската двојка Бергузар Корел и Халит Ергенч, кои останаа запаметени на нашата публика како Шехерезада и Онур од мегапопуларната турска сапунска опера „Илјада и една ноќ“, очекуваат бебе.

Двојката им ја откри среќната вест на турските медиуми на крајот на летото, а Бергузар неодамна сподели на Инстаграм фотографија на која што се гледа трудничкиот стомак.

Eveet yılın o zamanı geldi.. Telefon çalar, O SES YILBAŞI? Katılayım mı,katılmayayım mı? Hangi şarkıyı söyleyeceğim ki? E dizi var! karakter var! Olmaz şimdi. Dizi yok, ben tırsarım🙈 tırsmam tam heveslenirim tarihler denk gelmez filan derken seneler sonraaa, En sonunda bu yıl başardık ve ben O SES YILBAŞI’nda sahnedeydim. Pardon ben değil BİZ☺ Hayatımda bu kadar heyecanlandığımı hatırlamıyorum. İzleyince anlayacaksınız zaten🙊 Ama acayip eğlendim. Bizi en güzel şekilde ağırlayan tüm o tatlı @acunmedya ekibine çok teşekkür ederim😘 Makyaj:tabii ki @cigdemyartasi ❤ Saç: @ondertiryaki ❤ Styling: @rutkayozis ❤ Elbise:tatlı mı tatlı @sudietuzofficial Seviyorum sizi😘

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel) on

Бергузар и Халит веќе имаат деветгодишен син, Али.

Тие се за вљубиле пред 13 години, токму на сетот на „Илјада и една ноќ“, а актерот ја напуштил својата тогашна бремена сопруга Гизме Сојсалди заради Бергузар, која потоа решила да има абортус.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер