ОН: Северна Кореја веројатно го рестартираше нуклеарниот реактор

По сè изгледа дека Северна Кореја го рестартираше нуклеарен реактор за кој се верува дека произвел плутониум за нуклеарно оружје, се наведува во годишниот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија при ОН (МААЕ).

Агенцијата нема пристап до Северна Кореја откако Пјонгјанг ги протера нејзините инспектори во 2009 година. Земјата потоа ја продолжи својата програма за нуклеарно оружје и набрзо продолжи со нуклеарните тестови. Нејзиниот последен нуклеарен тест беше во 2017 година, пренесува Гардијан.

МААЕ во моментов ја набљудува Северна Кореја првенствено преку сателитски снимки.

„Немаше индикации за работа на реакторот од почетокот на декември 2018 година до почетокот на јули 2021 година", се вели во извештајот на МААЕ за реакторот од 5 мегавати во Јонбион, истражувачки центар за кој се верува дека е срцето на нуклеарната програма на Северна Кореја.

„Меѓутоа, од почетокот на јули 2021 година, постојат индикации, вклучително и за ослободување на вода за ладење поврзана со работата на реакторот", се вели во извештајот.

МААЕ објавува извештај секоја година пред состанокот на земјите -членки, од кои последниот беше објавен во петокот.

МААЕ во јуни објави дека во Јонбион има индикации за можни активности поврзани со оделување плутониум од потрошено гориво на реакторот што може да се користи за изработка на нуклеарно оружје.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер