ОН: Ал-Малки го обвини Израел за геноцид врз палестинските семејства

 Генералното собрание на Обединетите нации почна вонредна седница по повод конфликтот меѓу Израел и Палестинците, што трае веќе повеќе од десет дена.

Ова е прва сесија, со физичко присуство на амбасадорите во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот пред 14 месеци.

На пленарната седница палестинскиот министер за надворешни работи, Ријад ал-Малки, го обвини Израел за „геноцид врз палестинските семејства" и ја повика меѓународната заедница да го заштити палестинскиот народ се додека не им биде загарантирана слободата.

На вонредниот состанок на Генералното собрание на Обединетите нации за конфликтот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, Ал Малки кажа дека секоја земја во светот има одговорност да надваладеат мирот, правдата и слободата.

Американските медиуми пренесуваат дека шефот на палестинската дипломатија притоа апелираше до Генералното собрание на ОН да се осигура дека Израел ќе одговара за убиствата на, како што кажа, невините Палестинци, и да не му се обезбеди оружје.

Ал-Малки оцени дека присуството на повеќе од 10 министри на седницата, речиси сите од арапските и исламските земји, испраќа јасна порака за потребата од запирање на насилството.

-Како може окупаторската моќ да има право да се брани кога целиот народ под окупација е лишен од истите тие права, праша министерот, одговарајќи на тврдењата на Израел да реагира во самоодбрана.

Министерот Ал-Малики додаде дека Палестинците ја известиле администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и четворката посредници за Блискиот исток – САД, ОН, ЕУ и Русија – дека по „окупацијата" против палестинскиот народ, треба да следи политички процес што ќе доведе „до крај на израелската окупација на Палестина и нејзиниот главен град".

Објавен петтиот том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“

Објавен е петтиот том на публикацијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип“, најново издание на Александар Стеванов – графички дизајнер, наградуван стрип-сценарист и хроничар на македонскиот стрип.

Како што информира авторот, во книгата се истражува и прибележува деветтата уметност на македонско тло, овојпат детално обработена го периодот од 2016 до 2019 година.

На вкупно 64 страници во боја, формат А4, во изданието се опфатени речиси 270 хронолошки единици, кои збирно го осведочуваат овој период како врвна точка на домашното стрип-издаваштво. Опфатени се стрип-албуми и списанија за стрип објавени кај нас, одржани стрип-работилници, фестивали и изложби, гостувања на македонски стрип-автори на манифестациите во странство, како и освоени награди на стрип-фестивалите во земјава и во регионот.

- Станува збор за зафат од капитално значење, изведен за сега, еве и во нејзиниот петти дел, поточно во публикациите со различни дијахрониски опфати: првиот дел опфаќајќи го периодот 1990 – 1999 година, вториот 2000 – 2007, третиот 2008 – 2011, четвртиот 2012 – 2015 година... сѐ додека својот историски проект Стеванов не го доведе до наши дни, пишува истакнатиот писател Томислав Османли во предговорот кон изданието.

Како и претходните четири тома, и овој петти том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“ излегува со поддршка на Министерството за култура.

Почнувајќи од наредната недела изданието ќе биде дистрибуирано во библиотеките ширум земјава, најпрво во НУБ „Св. Климент Охридски“, а во скоро време се очекува да има промоција. /МИА

Кике Санчез Флорес ја напушта сезоната на крајот од сезоната

Тренерот на Севилја, Кике Санчез Флорес, ќе ја напушти функцијата по завршувањето на сезоната, соопшти прес-службата на шпанскиот клуб.

Педест и деветгодишниот Шпанец е на чело на Севилја од декември минатата година. Под негово водство, тимот одигра 23 натпревари, забележа 11 победи, четири пати ремизираше и загуби на девет средби.

Севилја по 36 кола се наоѓа на 12. место во шпанската Ла Лига со 41 бод.

Во 37. коло Севилја утре во 19 часот ќе се соочи со Атлетико Билбао на гостински терен. /МИА

Во Појасот Газа за еден ден загинале 83 луѓе

 Според Министерството за здравство во Газа во изминатите 24 часа при израелските напади во Појасот Газа загинале 83 луѓе.

Во војната помеѓу Израел и Хамас вкупно загинале 35.386 луѓе

Од почетокот на војната на 7 октомври минатата година повредени се 79.366 лица.

Најголемиот број од жртвите се деца и жени. /МИА

притисни ентер