ОЈО: Даночен инспектор и уште две лица обвинети за примање поткуп

 Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение  против даночен инспектор и уште две лица за примање поткуп.

-Првообвинетиот се товари дека како службено лице – даночен инспектор во Управата за јавни приходи при Министерството за финансии – Регионална дирекција Скопје, индиректно, преку двете други обвинети лица, побарал парични средства во износ од 5.000 евра од вработена во едно правно лице. Парите потоа лично ги примил за да не изврши службено дејствие што би морал да го изврши, односно да направи дополнителни и детални контроли на даночниот субјект по однос на пресметката за плаќање на даночната обврска на правното лице во кое основач и управител била сестра на оштетената, соопшти денеска Јавното обвинителство.

При извршување на кривичното дело, со умисла му помогнале двајцата други обвинети, сопственици на сметководствено биро од Скопје, преку давање совети и упатства, како и директно посредувајќи во комуникацијата со оштетената со која претходно се познавале.

-Обвинетите, на 5.11.2018 година, во еден угостителски објект, организирале средба на која оштетената на првообвинетиот му ги предала парите во износ од 5.000 евра во десет банкноти во апоени од по 500 евра. Банкнотите биле претходно крим-технички обработени од страна на полицијата. Обвинетиот ги ставил обележаните банкноти во џебот од палтото и по интервенција на полициските службеници бил затекнат со нив кога го напуштал угостителскиот објект, велат од Обвинителството.

По предлог на надлежен јавен обвинител, на првообвинетиот по лишувањето од слобода му беше определена мерка притвор, која од 11.01.2019 година со решение е заменета со мерка куќен притвор.

-Ценејќи дека и натаму постојат основите заради кои беше определена мерката, односно постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, основан страв дека обвинетиот ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело и ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците, како и особените околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, јавениот обвинител до Основниот суд Скопје 1 достави и предлог за продолжување на мерката куќен притвор, се наведува во соопштението./МИА.

Драма во Грција: Ќерка до смрт го претепа татко си на Голема Сабота

Жена (49) е уапсена на грчкиот остров Самос под сомнение дека утрово до смрт го претепала својот татко.

Се сомнева дека жената со некаков алат го нападнала таткото и му задала бројни удари кои биле фатални за несреќниот маж, објави Катимерини.

Засега не се знае мотивот за убиството.

Лондонскиот градоначалник Садик Кан со историски резултат на изборите

Актуелниот градоначалник на Лондон освои рекорден трет мандат како прв човек на британската престолнина.

Кан освои историски трет мандат со сите 14 изборни единици во Лондон објавени досега, пренесува Sky News.

Тој ја доби довербата на 43,7 отсто од гласачите.

Неговата конзервативна ривалка Сузан Хол освои 32,6%.

Излезноста била 40,5%.

Во Лабуристичката партија имало стравувања дека резултатите од гласањето ќе бидат многу поблиски поради загриженоста за слабиот одѕив.

Сепак, Кан собрал 1.088.225 гласови, наспроти 811.518 на Хол.

Кан сега е првиот човек кој освоил трет мандат како градоначалник на Лондон.

Православните христијани ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението

Православните христијани денеска ја одбележуваат Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението...

Верниците ги прават последните подготовки, а се подготвуваат и црквите во земјава...

Пред Соборниот храм е Дејан Трајкоски, какви се обичаите за денешниот ден и од колку часот треба да почне вечерната литургија?

притисни ентер