Полицијата соопштила дека загинале најмалку три лица, меѓу кои и еден осомничен.
Официјални лица изјавиле дека повеќе од 20 луѓе биле вклучени во грабежот и ги блокирале патиштата со запалени автомобили и експлозивни направи, што ги поставиле низ градот, пренесува Би -Би -Си.
Грабежите на банки, во кои заложниците се користат како жив штит, станаа се` почести во Бразил во последниве години.
Поручникот Александре Гуедес од Воената полиција за Глобоњус изјавил дека еден човек бил убиен кога групата сфатила дека ги снима.
Една жена и еден од осомничените загинале во судир со полицијата, што се случил додека групата бегала од полицијата.
25-годишен велосипедист е тешко повреден кога една од експлозивните направи експлодирала. Тој бил однесен во болница, каде му биле ампутирани двете нозе, пренесуваат локалните медиуми.
Уште тројца мажи се во болница, со рани од куршуми.
Најмалку 14 бомби биле поставени низ градот, рече поручникот Гуедес. Се чини дека имаат некаков сензор што се активира со топлина или движење.
Училиштата денеска ќе останат затворени, а жителите се повикуваат да останат во своите домови додека не се отстранат сите експлозивни направи.
Полицијата соопштила дека се уапсени тројца осомничени.