Оглас за распределба на 37 социјални станови во Струмица

Министерството за транспорт и врски денеска објави оглас за распределба на 37 станови за социјално ранливи категории на граѓани  во станбена зграда на ул. „Ѓорѓи Василев" во Струмица.

Право на учество на огласот што е отворен до 15 април годинава имаат деца без родители или родителска грижа – над 18 години кои до 18.тата година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители, корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта. Опфатени се и лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, припадници на Ромската заедница социјално загрозени, согласно Стратегијата за Ромите на Република Македонија") и самохрани родители со малолетни деца.

Лицата кои ќе аплицираат треба да се државјани на Република Македонија, да имаат постојано место на живеење во општината каде е изграден социјалниот стан и да не поседуваат стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на државата.

Потребната документација ќе може да се поднесува во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Струмица. За оние кои не се во можност сами да ја комплетираат потребната документација, Центарот за социјални работи ќе ја обезбеди потребната помош за обезбедување на целокупната документација согласно објавениот оглас, истакнува Министерството за транспорт и врски.

Документите треба да бидат во оригинал или копии заверени на нотар не постари од 6 месеци, освен документите кои се обележени од надлежен орган како трајни.

Министерството за транспорт најавува дека социјалните станови ќе се распределуваат во транспарентна постапка преку електронска распределба согласно со Методологијата за бодирање на кандидати за добивање на социјален стан под закуп.

Становите се изградени преку Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на државата во Струмица, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Република Македонија.

Повеќе информации за потребната документација може да се најде на веб страната на Министерството за транспорт и врски (http://mtc.gov.mk/vesti/Oglas–za-raspredeluvanje-na-37-sotsijalni-stanovi-vo-opshtina-Strumitsa-) или во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Струмица.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер