Одржан традиционалниот Фестивал на зимата во Пустец

Во Пустец, Мала Преспа денеска беше одржана манифестацијата „Фестивал на зимата 2019",со која официјално се означува почетокот на низата манифестации и одбележување прaзници за оваа календарска година.

На манифестацијата, која веќе е традицонална, се презентираат не само природните убавини на оваа област распослана на Преспанско Езеро,туку и културните и кулинарскивредности. Исто така на штандови беа петставени и виното,медот и другите произоди на вредните раце на Македонците.

Пред присутните се обрати албанскиот министер за туризам и жвотна средна, Бенди Кљоси, кој порача ваквите манифестации да се одржуваат и во екот на туристичката сезона, кога тука доаѓаат голем број странски туристи.

– Ние сме тука во Преспа за да дадеме подршка за локалните манифестации.Со нивна реализација не само што се негува традицијата туку се значаен придонес во развој на турзмот,во оваа преубава област.Тоа ќе услови поголем развој и економско зајакнување на општина Пустец, нови вработувања, подобар живот за сите, рече Кљоси./МИА

Големиот број Македонци жители на областа и поранешни жители кои тука беа дојдени по повод оваа манфестација другите гости, ги поздрави и добредојде им посака градоначалникот на Пустец,Едмонд Темелко.

– Манифестацијата „Фестивал на зимата", сега веќе традицонална, се надевам дека ќе продолжи во иднина, се разбира со поддршка на локалната власт и Владата. Целта е да се промовираат природните убавини со кои изобилува Мала Преспа, културните и другите вредности на нејзините жители, рече Темелко.

На плоштадот „Гоце Делев" се разви и македонско оро и се пееја македонски песни.

„Фествалот на зимата 2019" се оджува во рамки на проект за промоција и заштита на биосферата на подрачјето на Преспа, што го спроведува албанската Влада, со подршка на германската влада

Хајди Клум блесна во кожени панталони, привлече внимание со чанта од 26.000 евра

Германскиот супермодел Хајди Клум се појави на снимањето на шоуто „America's Got Talent“ во Пасадена, во кое таа е член на жирито.

51-годишната поранешна манекенка и ТВ водителка се појави во црни кожени панталони, бела маица и црна јакна. Комбинацијата ја комплетираше со црни потпетици, ланче и очила за сонце, а вниманието го привлече со раскошна чанта.

Станува збор за чанта „Hermès“, поточно моделот „Birkin Quadrille“, чија цена се движи од 27.500 до 30.000 долари (24.000 до 26.000 евра).

Да потсетиме, Хајди неодамна позираше на црвениот тепих со колешката од шоуто, актерката Софија Вергара, а со своите изданија мамеа воздишки. Инаку, Хајди е позната и како кралица на Ноќта на вештерките поради необичните костими, а неодамна објави видео во кое покажа дел од костимот за овогодинешната прослава.

Остин во разговор со Галант ја истакна потребата за дипломатско решение за заканата од Хезболах

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин претходно денеска разговарал со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, соопшти Пентагон.

Остин ја „повтори својата загриженост“ поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Хезболах, се наведува во соопштението, и ја нагласи вербата на САД во „важноста од постигнување дипломатско решение што ќе им овозможи на жителите безбедно да се вратат во своите домови од двете страни на границата“.

Тој му рекол на Галант дека САД продолжуваат да вршат притисок за договор за ослободување на заложниците и прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и ја потврдил посветеноста на САД за безбедноста на Израел. /МИА

Германија поднесе кандидатура за домаќин на женското ЕП 2029 во фудбал

Германија е кандидат за домаќин на Европското првенство во фудбал за жени во 2029 година, соопшти денеска Германската фудбалска федерација (ДФБ).

Претседателот на ДФБ, Бернд Нојендорф изјави дека германската кандидатура е „главен проект“ на федерацијата и дека ќе му даде „дополнителен поттик“ на женскиот фудбал во Германија.

Противкандидати на Германија за организација на завршниот турнир се Португалија, Данска и Шведска.

Европската фудбалска унија (УЕФА) официјално ќе го објави името на земјата домаќин во 2025 година.

Генералниот секретар на ДФБ, Хајке Улрих, ја смета Германија за „сигурен домаќин со одлична стадионска инфраструктура и одлична соработка меѓу градовите домаќини и локалните власти“.

Германија беше домаќин на Европското првенство за мажи во 2024, а го организираше ЕП за жени во 1988 година, во Западна Германија и во 2001 година. /МИА

притисни ентер