Одложен е натпреварот меѓу Париз и Фенербахче- причината е неверојатна

Одамна не се случило во европската кошарка да не се одигра натпревар поради болест на голем дел од тимот, а како што стојат работите денеска би можел да биде случај во Евролигата.

Имено, епидемијата и многуте болни играчи на Париз би можеле да доведат до откажување на натпреварот помеѓу францускиот тим и Фенербахче во 17. коло.

Челниците на Евролигата денеска требаше да му гостуваат на Фенербахче, но очигледно тоа нема да се случи.

Имено, на повеќето кошаркари на Париската кошаркарска екипа им се слошило, поради што клубот не можел да состави тим за вечерашниот натпревар на Париз.

Првите проблеми за Париз се појавија на почетокот на двојната недела во Евролигата, кога ѕвездата на тимот Ти Џеј Шортс го пропушти натпреварот против Реал Мадрид.

- Имавме многу играчи надвор од тимот, но горд сум на тоа како се боревме. Микаел Јантунен играше иако се чувствуваше лошо. Сакаше да игра. Многу момци го чувствуваа истото – изјави тренерот на Парискиот баскет, Тиаго Сплитер по поразот од Реал Мадрид и додаде:

- Не знам точно што е, некаков вирус, труење со храна, не се чувствував ни најдобро. Но, јас сум горд на она што го направија против толку силен тим.

Интересно, брзо стигна и официјалната потврда на францускиот тим.

Двете екипи во овој натпревар влегуваат со серија порази. Париз претрпе порази од АСВЕЛ и Реал Мадрид, а Фенербахче доживеа убедливи порази од Монако (69:99) и Барселона (63:90).

Од јануари 1.200 вработувања на медицински сестри, болничари и хигиеничари

Министерството за финансии и владата дале согласност за вработување на 1.200 луѓе од средно медицинскиот персонал тоа се медицински сестри, болничари и хигиеничари. 

Од средината на јануари ќе почнат тестирањата и интервјуата и до Март би требало да добијат решенија за вработување потврди министерот за здравство Таравари.

И директорот на фондот за здравство Сашо Клековски потврди дека од 2025 година ќе почне , а дотогаш ќе им бидат продолжени договорите. На интрвјуата за вработување може да се пријави секој кој е заинтересиран не само досегашните вработени на договор.

Таравари најави дека ќе има нови вработувања и наредната година, но се зависи од буџетите, потенцирајќи дека ако нема човечки кадар без потребно е да се зборува за нови болници и апарати.

Тошковски: Единицата за интервентна полиција е спој на решителност и професионалност

Единицата за интервентна полиција е спој на решителност и професионалност кои даваат одлични резултати.

Единицата за интервентна полиција денес се одликува со оперативна мобилност и широк оперативен опфат, координираност, професионалност, а се во насока на поголема функционалност и ефикасност на севкупниот полициско-безбедносен систем на подрачјето на главниот град. Како во смисол на спроведување на законите на сите нивоа, односно домени на надлежности, така и во поглед на остварување на зацртаните проекции и планови на Секторот за внатрешни работи Скопје.

Ова денеска меѓу другото го истакнал министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во своето обраќање по повод одбележувањето на јубилејот- пет години од формирањето на Единицата за интервентна полиција, што се одржа во седиштето на оваа организациона единица при СВР Скопје во касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје.

Нагласувајќи го уверувањето дека ЕИП како високообучена формација ќе продолжи да се надградува и да еволуира со цел да одговори на новите предизвици на безбедноста кои ги наметнува новото време и динамиката на животот, како и позитивните статистички показатели во работата на единицата, како што соопшти МВР, Тошковски потенцирал дека таквите резултати не обврзуваат да ја потврдиме неопходноста од вложување во модернизирање и надградување на нејзините капацитети за натамошно ефикасно справување со сите облици на криминално делување.

На свеченоста се обратил и командантот на Единицата за интервентна полиција, Васко Наумовски, кој пак се осврнал на конкретните показатели од секојдневното работење на Единицата, посочувајќи дека во периодот од почетокот на годинава заклучно со ноември 2024 припадниците на ЕИП на подрачјето на СВР Скопје извршиле легитимирање на 22.662 лица, 20.985 прегледи на лица и уште 9.096 - прегледи на патнички моторни возила, како и 477 непосредно забележани лица, а дополнително како резултат на извршувањето на работните задачи по разни основи од слобода се лишени и приведени вкупно 1.816 лица.

- За нас како припадници на Единицата, од огромна важност е фактот што актуелното раководство на Министерството за внатрешни работи препознавајќи го овој позитивен тренд јасно најави, а и практично делуваше во насока на мотивационо наградување на колегите, на нужноста од натамошни инвестирање во развојот и унапредувањето на Единицата, односно на нејзините професионално-технички капацитети, а се со цел натамошно подигање на безбедносните стандарди на подрачјето на главниот град, во името на сигурноста и спокојот на нашите сограѓани, истакнал Наумовски.

Тошковски: Нема утврдена одговорност, ниту прекршување на процедурите од страна на полицаецот

Нема утврдена одговорност, ниту прекршување на процедурите од страна на полицаецот, изјави Тошковски.

Полицаецот кој го симна албанското знаме во Куманово не прекрпшил процедури, утврдила внатрешната контрола.

притисни ентер