Одиграни два натпревара од 7.коло во ракометната ЛШ, Металург попладне домаќин на Мотор

Со одигрување на два натпревара синоќа почна 7.коло од ракометната Лига на шампионите кај мажите.



Во А групата Флензбург на домашен терен го совлада ППД Загреб со 28:27, додека Порто како гостин славеше минимален триумф над Татран Прешов со 25:24 во дуел од групата Ц.

Од македонските претставници во ова коло Металург денеска (17:45 часот) го пречекува украински Мотор, додека Вардар во сабота и гостува на Барселона.

Двојки за седмо коло.

А група: Флензбург – ППД Загреб 28:27, Кил – ПСЖ, Висла – Бешикташ и Цеље – Веспрем.
Табела: ПСЖ 10 бодови, Флензбург 10, Веспрем 9, Кил 8, ППД Загреб 6, Висла 3, Цеље 2, Бешикташ 2.

Б група: Барселона – Вардар, ПИК Сегед – Кристијанштад, Монпеље – Рајн Некар Ловен, Колдинг – Киелце.
Табела: Вардар 10, Барселона 9, Рајн Некар Ловен 7, Киелце 6, ПИК сегед 6, Кристијанштад 4, Монпеље 4, Колдинг 2.

Ц група: Татран Прешов – Порто, Војводина – Мешков Брест, Ла Риоха – Чеховски Медведи.
Табела: Ла Риоха 10, Порто 10, Мешков Брест 8, Чеховски Медведи 4, Војводина 4, Татран Прешов 2.

Д група: Металург – Мотор, Баја Маре – Скјерн, Елверум – Кадетен Шафхаузен.
Табела: Скјерн 8, Мотор 8, Баја Маре 8, Кадетен Шафхаузен 5, Металург 4, Елверум 3.

Најмалку 10 загинати или повредени во напад во болница во Кина

Неколку лица се убиени или повредени во напад во болница во југозападна Кина, јави ДПА, повикувајќи се на кинеската агенција Ксинхуа.

ДПА пренесе дека во нападот имало најмалку 10 жртви, но првично не било јасно колку се повредени, а колку загинале.

Во првичните извештаи од настанот немало информации за осомничениот сторител.

Според Ксинхуа, нападот се случил во раните попладневни часови во болница лоцирана во провинцијата Џенксионг во јужната кинеска провинција Сечуан.

На кинеската социјална мрежа Веибо, слична на X, корисниците споделуваа видеа на кои се гледа апсењето на осомничениот сторител.

Најстудено утрово во Лазарополе

 Најниска температура утрово е измерена во Лазарополе од 3 степени Целзиусови.

Следат Берово и Попова Шапка со 5 степени, 6 во Претор, 7 во Крива Паланка и Охрид, 8 Тетово, Маврови Анови, Битола, Демир Капија, 9 Скопје-Петровец, Прилеп, Гевгелија, Велес, 10 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово, Крушево, Дојран, Кавадарци и 11 степени во Виница.

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА

 Центарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама е прогласен за најдобар дебитант на годината во НБА, објавено е на официјалната веб-страница на лигата.

Дваесетгодишниот Французин во гласањето освои 495 поени. Второто место му припадна на кошаркарот на Оклахома, Чет Холмгрен со 295 поени, додека трет е членот на Шарлот, Брендон Милер со 86 поени.

Вембањама беше избран од Сан Антонио како прв пик на драфтот на НБА во 2023 година.

Во сезоната 2023/24, кошаркарот учествуваше на 71 натпревар од регуларниот дел од сезоната, со просек од 21,4 поени, 10,6 скока и 3,9 асистенции по натпревар.

Сан Антонио заврши на 14. место во Западната конференција и не успеа да се квалификува за плејофот.

притисни ентер